Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“. Во оваа уредба, глава 4, член 9 (на страна 4 од службениот весник), го пишува следното:
Во член 194, точка 3 од царинскиот закон (страна 26), го пишува следното:
Од плаќање увозни давачки се ослободуваат:
...
3) државјани на Република Македонија и странски државјани за предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство;
...
Во службен весник број 88/2007 (петок, 13 јули, 2007 година), е донесена „Уредба за
дополнување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“ (знам, комплицирано е, but bare with me) во која не се спомнуваништо за ослободување од давачки на стока испратена од странство наменета за физички лица. Значи, од апсект на ослободување на стока која доаѓа од странство наменета за физички лица, уредбата останува непроменета.
Во службен весник број 64/2008 (четврток, 22 мај, 2008 година) е донесена „Уредба за
изменување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“ (разликите меѓу уредбите се bold-ирани), при што се направени следните измени:
Но, оваа измена се однесува на овој член:
Од овде следува дека оваа промена не е од интерес за конкретната проблематика.
Во службен весник број 28/2010 (петок, 26 февруари, 2010 година) има уште една „Уредба за
изменување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“, но промените во оваа уредба повторно се однесуваат на член 7, став 1 од првобитната уредба, при што е наведено дека зборовите „175 евра“ се менуваат со „350 евра“. Повторно, ова не е од интерес за конкретнава проблематика.
Во службен весник број 38/2012 (петок, 21 март, 2012 година) е донесена уште една „Уредба за
изменување и дополнување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“. Притоа, измените се однесуваат на некои граматичко-правни корекции (ништо сериозно), а дополнувањето се однесува за ослободување од царина на спортска опрема и реквизити на спортските федерации... повторно, ништо од интерес за конкретната проблематика.
Последната промена на првичната уредба што е издадена во службен весник број 170/2012 (петок, 28 декември, 2012 година) во кој има промени во насловот на глава 4 и во членот 9 (членот релевантен за конкретната проблематика), при што насловот на глава 4 и членот 9, од формата во која се напишани (прва слика од post-ов), преминуваат во следната форма:
Член 1
Во Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/05, 88/07, 64/08, 28/10 и 38/12) насловот на Глава 4 се менува и гласи: „Предмети со мала вредност испратени од едно физичко лице на друго“.
Член 2
Членот 9 се менува и гласи:
„(1) Стоката испратена од странство од физичко лице која ја прима физичко лице со живеалиште или одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки во согласност со член 194 став (1) точка 3) од Царинскиот закон, доколку вкупната вредност на пратката не го надминува износот од 45 ЕВРА во денарска противвредност, стоката да е испратена бесплатно и таквиот увоз да е од некомерцијална природа.
(2) Кога вкупната вредност на пратката која се состои од два или повеќе предмети го надминува износот од став (1) на овој член, ослободувањето од плаќање на увозни давачки се одобрува до износот утврден во тој став за предметите кои доколку би биле увезени поединечно би биле ослободени од плаќање на увозни давачки.
(3) Кога вредноста на поединечен предмет го надминува износот од став (1) на овој член неговата вредност не може да се подели заради остварување на правото на ослободување од плаќање на увозни давачки до висината натој износ.“
Член 194, став 1, точка 3 од царинскиот закон е цитирана претходно и само дефинира за кого и за што важат овие царински олеснувања (за државјани на Република Македонија и странски државјани).
Како и да е, понетата е дека дури ни во последнава промена и дополнување на уредбата, никаде не е спомнато намалување на вкупниот износ од 45 евра на 22 евра. Така да, нема за што да се грижите
. Сега за сега, сеуште стои дека не треба да се царини ништо со цена до 45 евра
. Околу тежината... ништо не беше спомнато, така да, не знам колку е точно тоа за „до 1kg тежина не се царини“, можно е да нема лимит на тежината, под услов цената да не надминува 45 евра.
Еве линк за download на сите службени весници од кои ги извадив информациите, како и царинскиот закон.
download links:
https://www.box.com/s/69foy06gp3q14xlcnrja
https://www.megacloud.com/s/b6BrLFJW1JO/Carinski_Zakon_Sluzbeni_Vesnici.rar