За кој цифри мислеш на картичката бидејќи има едни на средина цифри там има 16.
Скенирај ја картицата, или сликај ја, замати или прекиј некако тоа што не треба да се чита и опиши што каде е на сликите, ќе ти кажеме дали може со неа да правиш интернет нарачки.
На средината (од прилика) треба да има 16 цифри поделени во 4 секции, по 4 цифри од секција. На задната страна (од прилика на средината) треба да има 3 цифрен сигурносен код. Ако е таква картичката, да, можеш да нарачуваш со неа.
Не би ти препорачал да нарачуваш со неа (дури и да можеш) бидејќи татко ти зема плата преку неа. Ако некој случано ги дознае овие инормации (бројот на картичката, име презиме, сигурносниот код), може да нарачува и да ти ја празни картичката, а бидејќи цела плата ја има на неа, значи дека може да ја ситроши цела плата. Подобро извади си нова картичка, стави колку што ти треба на неа, 100, 200, 500 денари, и нарачувај со неа. И да ти ги најдат податоците и да пробаат да нарачуваат со неа, повеќе од парите што си ги ставил не може да истрошат, под услов да е дебитна кратичката, а не кредитна. За да можеш да извадиш кредитна картичка мора да си вработен, за дебитна не мора, така да, таа што ќе ја извадиш и онака најверојатно ќе биде дебитна. Се што треба да имаш е лична карта за да направиш трансакциона сметка во било која банка, а потоа дебитната картика ќе ти ја врзат за таа трансакциона сметка и само ќе си ставаш пари на неа.