Добро де, не е страшно . Пак ќе падне кога ќе пројде ова со коронава .
Точно така. Ништо страшно.
Јас не сум намалил со интензитет на порачки. Дури сигурен сум дека и повеќе порачувам од порано. Затоа што поголем дел од времето моментално го седам дома .
Може единствено што сум забележал е дека пратките со R бројот ми стигаат дома , ... додека имам една пратка, на пример со UA почетен број, за која знам дека е во државава од 14 март, но нема други информации за пратката. (глупост купена , колку да видам каква ќе е услугата, на пример од Македонска пошта или од електронските сервисни услуги).
И вчера купив глупост, за повторно да ги тестирам услугите за доставата на пратки.
(Добивам перцепција ): Разликата е што откако се прогласија кризни мерки во Македонија, ми се чини дека не се ажурираат информациите за пратките кои стигаат во државава, за разлика пред кризната состојба. Пред прогласување на кризна состојба ги добивав (проверував) информациите за пратките од Македонска пошта, гледав дека се кај нив, па очекував за два дена да ја земам пратката. Што на пример за сериозен праќач и примач на пратката е значајно.
Многу ми е глупо, да му пишам на праќаќот , дека пратката не е стигната до мене, (во државава која спроведува кризни мерки, не знам дали има контрола, но информации во моментов немам).... Не сум му пишал на праќачот од причина што имав пратки пред во јануари и февруари кои ми беа задржувани (веројатно како карантин) по 40 денови во Европа. Ги гледав со бројчињата за следење, знаев каде се и што е со нив. Сите пратки ги добив со продолжено време на испорака. Не верувам дека во Македонска пошта ќе ги собираат пратките 40 денови. Оти се прогласени кризни мерки, само го бележам моменталното искустов на достава на пратки како се одвива.
Искуството при ваква состојба се: добивам информација дека пратката е стигната денес, утре ми е дома. (неколку пати се има ова случено). Тоа е единствената предност. Брзината за достава на пратка во моментов е дефинитивно поголема.