Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261090 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
@Atanas
Еве @GigaWatt одговори во мое име, да тој е и се надевам дека ќе се погоди, ќе пријавам овде кога ќе стигне. :)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #916 on 13.02.2020, Thursday, 00:16:30 (Edited 13.02.2020, Thursday, 00:33:36) »
Нарачан на 29.11 - конечно стигна денес. :) Цели 10 недели :)
Но имаше проблем со шипингот, после месец дена од нарачката продавачот ми јави дека пратката им ја вратиле од нивната царина заради некакви проблеми со поштата со која што ја шипнале, ме праша дали да ми ја препрати со друга пошта или да ми врати пари, му одговорив дека сакам да ја препрати и обавезно да ми даде тракинг бројче, експресно ја препрати на 3.01 и ми го даде бројчето, и за чудо го пратил со регистрирана кинеска пошта. :)

Први импресии, не очекував дека ќе биде голем како лопата, но ми прави ќеф што има голем дисплеј и користи блок батерија од 9v. Сондите ми изгледат како поквалитетни со не толку остри врвови и подебел кабел, но вероватно ќе ги користам сондите што ги постирав во друга тема.
Сеуште не сум го тестирал, морам прво да се навикнам на auto range и да ги откријам цаките на дополнителните копчиња што се веднаш под дисплејот. Единствено што ме малку замара е тоа што при секое вртење од позиција на позиција на бирачот, бипнува звук кој што е доста гласен, но вероватно ќе се навикнам. :)
За почеток не можам да се снајдам како да мерам на диодно подрачје, т.е. дали тоа што го мерам е во кратка или отворена врска (ако е во кратка врска да свирне биперчето). :) Ова и највеќе го користам.

И да, за него платив цели $8. :)

Еве и некоја слика:

Инаку со него дојде и сонда за мерење на температура.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Вака изгледа прилично солидно за парите, со здравје да си го користиш :).

Околу копчињата. Range е за мануелно бирање на опсег. Hold е за држење на исчитаната вредност на дисплејот (нешто како меморија, ја прикажува исчитаната вредност во моментот кога било стиснато копчето, без разлика што мериш потоа). Rel (delta) е за прикажување на разлика меѓу исчитани вредности. Зависи од мултиметарот, некои имаат опција и да внесеш вредност, но овој најверојатно само пресметува разлика меѓу две исчитани вредности и ја прикажува. Hz % најверојатно прикажува разлика во проценти меѓу исчитани вредности во подрачјето за фреквенција... или процентуална разлика меѓу 1KHz  исчитаната вредност. Select е за бирање на останатите функции од бирачот на подрачја (преклопникот). На пример, со него се ротира меѓу омско подрачје, капацитивно подрачје и beeper и diode test на исти ист дел од селекторот на преклопникот. Max/Min се користи за прикажување на максималната и минималната вредност при определено мерење.

Имаат и некои дополнителни функции овие копчиња, на пример Hold има светло горе, што најверојатно значи дека со долго стискање на Hold се пали backlight. Со време и малку пракса, ќе почнеш добро да го „бараташ“ ;).

Отвори го и ѕирни ги лемовите внатре. Би требало да се ОК, но провери за секој случај, особено тие за буксните ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве јас што си нарачав :). Првиот пат не стигна, ај да видиме од втор пат.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/283217640622

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #919 on 13.02.2020, Thursday, 16:36:14 (Edited 13.02.2020, Thursday, 17:09:15) »
Фала @GigaWatt, да си земеш што ти е на ум. :)

Горе-долу ми е јасно за функциите, нормално после твоето објаснување е многу појасно.
Ме буни малку зошто кога ми е на подрачје за мерење на ~V а сондите се слободни (ништо не мерам), има некое отчитување  околу 0,345, во левиот ќош горе стои True RMS a под бројките стои AUTOAPO. Кога сум на подрачје за мерење на DC бројките се на 0,000.

Немам намера да го отварам за проверка пошто не гледам ниеден шраф како би го отворил, а нејќам да го отварам насилно бидејќи сигурно некои од пластиките ќе се искршат.
И да, имам идеја од стари сонди (буксните им се здрави) да направам кратки кабли (околу 10см долги) со мали крокодил штипки за мерење на кондензатори. :)

btw ... Тестерот за RJ45 и RJ11 е многу згодна алатка за тие што работат со монтажа на мрежи. И кога сме на темата, пред малку на телевизија кажаа дека све што е пошта за кина и од кина се блокира на неодредено време ради превенции.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ме буни малку зошто кога ми е на подрачје за мерење на ~V а сондите се слободни (ништо не мерам), има некое отчитување  околу 0,345, во левиот ќош горе стои True RMS a под бројките стои AUTOAPO. Кога сум на подрачје за мерење на DC бројките се на 0,000.

Сосема нормално, фаќа EMI од околината. Мери наизменичен напон меѓу фаза и нула на изгасена сијалица (некоја плафонска сијалица), ќе видиш дека ќе измери некои 50, 60V~. Тоа е од преслушување меѓу каблите. Фати ја фазата, ќе видиш дека нема да те удри струја ;). Краткоспои ги каблите на изгасена сијалица, мери кај прекинувачот, меѓу двата изводи, би требало да добиеш напон околу нула (можно е да измери некој волт, но далеку од 50, 60V~ ;)).

И кога сме на темата, пред малку на телевизија кажаа дека све што е пошта за кина и од кина се блокира на неодредено време ради превенции.

Коронава ни за*ба бизнис ;D.

Добро, барем мене лично не ми е проблем... ништо од тоа што имам нарачано последниве неколку месеци не ми е итно ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Мене па баш денес ми се јави поштарот за утре дали ќе бидам дома, се собрале повеќе пратки па да ги донесе сите наеднаш...!?
Тешка глупост би била ако ги запрат испораките, вирусот не може да живее подолго од неколку дена на пратките, додека да стигнат кај нас поминува и повеќе од месец дена.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #922 on 13.02.2020, Thursday, 19:20:18 (Edited 13.02.2020, Thursday, 20:44:04) »
Пратките што се во транзит ќе стигнат и ќе ги разнесат поштарите, но во наредниот период привремено нема да има шипинг од Кина.

Quote
Поради ширењето на Корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.

Извор:
Code: [Select]
https://www.posta.com.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d1%80%d1%83%d1%81/
@GigaWatt
Не би фаќал фаза искрено, мислев дека нешто не е како што треба со мултиметарот, но чим е тоа прикаската тогаш е ок. :)
Доколку не беше во ред ќе требаше да реагирам кај продавачот. :)

Инаку, колку долги да ги пуштам (DIY) каблите за мерење на капацитет? Колку што знам што пократко, тоа подобро. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тешка глупост би била ако ги запрат испораките, вирусот не може да живее подолго од неколку дена на пратките, додека да стигнат кај нас поминува и повеќе од месец дена.

Колку што знам, ниеден вирус не живее подолго од минута, две во воздухот. Тоа не е негова нормална околина за развивање, му треба домаќин (host). Вирус е „нецелосно“ жив организам. Не може да живее без домаќин. Има само РНК, не ДНК. За да живее, му треба останатата половина, која си ја „склопува“ од домаќинот.

Пратките што се во транзит ќе стигнат и ќе ги разнесат поштарите, но во наредниот период привремено нема да има шипинг од Кина.

Quote
Поради ширењето на Корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.

Извор:
Code: [Select]
https://www.posta.com.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d1%80%d1%83%d1%81/

Ова е жива глупост и не знам кој со здрав ум воспоставил ваква мерка. Освен ако не се во прашање прехранбени производи (кои, се разбира, се прават од живи организми - животни и плодови), ниеден вирус нема да преживее, колку сака нека е добро спакувана пратката, дури и херметички нека е затворена, пак на крајот остранува фактот дека околу него е воздух или вакуум, едно од овие две, не жива материја и не може да живее, да се размножува и пренесува.

Наместо да се концентрираат на преносот на патници и прехранбени производи, се фатија за пратките ::). Типично за политичари кои појма немаат од билогија, хемија или било какви технички и/или природни науки... као демек да ја смират јавноста и за да не падне случајно некоја ризична пратка на контото на името на нивната авио-компанија... PR is such bull*hit ::).

Инаку, колку долги да ги пуштам (DIY) каблите за мерење на капацитет? Колку што знам што пократко, тоа подобро. :)

Ако планираш да мериш само off-board, до 10-тина сантима со крокодил штипки на краевите. Ако сакаш да мериш и on-board, немаш баш некоја опција, мораш да користиш класични сонди, при што грешката ќе биде мала за поголеми вредности, но не и за многу мали (од 10-тина nF па нагоре, грешката е занемарливо мала).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Така и мислев околу 10-тина сантима вклучувајки ги и крокодил штипките, секако ми е тоа за off-board :) инаку не знаев дека со класични сонди ќе има мали грешки, можеби кај мерењето на отпорници би било попрецизно со ваквите DIY крокодил сонди.
Фала :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
... можеби кај мерењето на отпорници би било попрецизно со ваквите DIY крокодил сонди.

Да, при мерење на отпорност, попрецизни резултати се добиваат со сонди со крокодил штипчиња, дури и ако сондите се долги ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Quote from: МК пошти
Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период.

Поради тоа,  ги молиме корисниците на услугите на Пошта на Северна Македонија за разбирање, а за сите промени навремено ќе ве известиме.

Пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Је*ига, грешка во чекори ;D.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #928 on 16.02.2020, Sunday, 04:01:15 (Edited 16.02.2020, Sunday, 14:13:48) »

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/152313609001

Штипките 6.2$ претходно имав нарачано поефтино но не стигнаа.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/264481366881

Овие плочкиве прв пат ги купувам 6.34$ 6 парчиња, сакам да пробам да ги поврзам за вентилаторче, кулер, за врз шпорет на дрва колку толку да ја разнесува топлината.
Сеуште ги немам пробано дали се исправни.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Интересно беше што, јас кога нарачував крокодил штипчиња за patch cords, поевтино беше да нарачаш patch cords со крокодил штипчиња на краевите отколку само крокодил штипчиња во различни бои ;D.