Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261261 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Не, дел од нив користам за полнење на литиумски батерии 18650 за е-циг.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А, да, сега ми текна дека си имате багра со е-цигариве на форумов ;).

Ај, може ќе ви отвориме и подсекција ако се намножите ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ги нарачав овие лепаци.

Овие два се термопроводни лепаци.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/222572435552




Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/122087537545


Ќе видиме кој е подобар ;).



Овие два се универзални проѕирни лепаци. Пишува дека може да се користат и за кондури, што значи дека би требало до некаде да се еластични, а и као демек добро стегале... ќе видиме ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163188767189




Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/233095008540

Како се покажаа овие термалниве лепаци ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Супер се покажаа, особено тие малечките ;). Стегаат за еден час од прилика, потоа стануваат како тврда гума ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Значи со малечките ќе можат да се лепат LED плочките што се на 220v на хладњаците од кулери.
Претпоставувам дека треба да се нанесе тенко како термална паста и да се залепи за хладњакот, но дали треба дополнително да се додаде лепак и по целиот круг од LED плочката за да зафати уште повеќе?



Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Гига, а другиот? Да не е онај како цименто што се прави, рапав?
Крема, каков имаш ти?
Кај ледот битно е баш на чипот да има, и тоа да нема воздух, за околу мање битно. Од како ќе го нанесиш добро е да има рамномерен притисак по цела лед плочка (cob), на пример да ставиш трафо озгора а измеѓу крпче на 2-3 паи. Не мора да има кој знае колку тежина, битно е да не прима воздух, тоа приметив, да немаш "hot spots". Инаку инсомполош лепак нема гајле ( поксипол ).

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Јас имам од оние малите жути Stars-922
ама едно единствено :D




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Значи со малечките ќе можат да се лепат LED плочките што се на 220v на хладњаците од кулери.

Ќе може и со големата туба, не е проблем, нема некоја голема разлика во начинот на кој стега/лепи ;).

Претпоставувам дека треба да се нанесе тенко како термална паста и да се залепи за хладњакот, но дали треба дополнително да се додаде лепак и по целиот круг од LED плочката за да зафати уште повеќе?

Да, ставаш како за термална паста... можеби нешто повеќе во однос на тоа колку би ставил термална паста (јас обично повеќе ставам термална паста, општо, така да, за мене дојде скоро исто како да ставам термална паста :P :D). Ставаш на едната или на другата површина, исто како кога ставаш термална паста на процесор. Ги стегаш двете површини (пожелно е да ставиш нешто така, малку тешко врз нив, јас ставив дебела книга со картонски корици :P :D) и оставаш лепакот да се исуши... тоа е тоа :). За еден час, од прилика, веќе е скоро сув. Сосема стврднат е за 24 часа, но веќе по 2, 3 часа, може слободно да ракуваш со уредот, нема да се одлепи ;). Само е малку помек лепакот во однос на тоа каков ќе биде за 24 часа, единствена разлика е таа ;) (по гумен е, за 24 часа ќе стане како тврда гума ;)).

Гига, а другиот? Да не е онај како цименто што се прави, рапав?

Не, скоро ист е како овој од малечкиве туби... можеби нешто потврд да се прави, но не е рапав. Време на сушење и на двата е скоро исто. По еден час веќе може а ја тргнеш книгата :P :D, по 2, 3 часа, слободно ракувај со предметите кои си ги лепел ;).

Кај ледот битно е баш на чипот да има, и тоа да нема воздух, за околу мање битно. Од како ќе го нанесиш добро е да има рамномерен притисак по цела лед плочка (cob), на пример да ставиш трафо озгора а измеѓу крпче на 2-3 паи. Не мора да има кој знае колку тежина, битно е да не прима воздух, тоа приметив, да немаш "hot spots".

Да да, ова е особено важно за COB чипот ;). Ако изгори една, не работи ниедна :-\.

Инаку инсомполош лепак нема гајле ( поксипол ).

И со суперлепак имам лепено за northbridge/southbridge ладилни тела, ама... не би ризикувал така да терам со LED осветлување ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #833 on 30.08.2019, Friday, 23:44:05 (Edited 31.08.2019, Saturday, 02:54:25) »
Овај поксипол е ко бајаги "течен метал", ама сепак не му е намената да лади, уствари тенок слој нема да прави проблем, но е далеку повискозен од термална паста, претпоставувам и од лепактот термален, и ако го притиснеш доволно како би го истиснал доволно, т.е. како би го истиснал воздухот најверојатно и чипот ќе го оштетиш.
Да, овај лепаков термопроводен ви вил идеален за ледови. Ме кандисавте :D
Еве што експеримент ми е следен :

 За на бицико
*Уствари пастата е термо проводна, не етермална, ама пократко е xD

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #834 on 31.08.2019, Saturday, 01:43:33 (Edited 31.08.2019, Saturday, 02:54:55) »
Да не правиш бицикло како Душан со 9-те прекидачи :)




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, овај лепаков термопроводен ви вил идеален за ледови. Ме кандисавте :D

Да бидам искрен, не би го користел за сите оние COB LED кои се шрафат (имаат дупчиња), но ако немаат, да, одличен е за такви ;).

Да не правиш бицикло како Душан со 9-те прекидачи :)

Не... значи... не, не можам ;D ;D ;D... кога и да го видам клипов, си викам, од која психијатриска болница избегал чоеков ;D ;D ;D... мада кај нас, на Балканов, не мора да бегаш, сами те пуштаат ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Па потешко е да го избушиш ладилникот, навој да напрајш и да се пасенд сите 4 штрафчиња него да шлапниш лепак и хајт.
Иако се 4х3w, една оригинал cree или nichia ги "шие" во било кој поглед. Поентата е што динамото дава висок напон, па да добијам 12-15V.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Па потешко е да го избушиш ладилникот, навој да напрајш и да се пасенд сите 4 штрафчиња него да шлапниш лепак и хајт.

Добро, јас имам навојници, така да, не ми е тешко :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Поготово алуминиумот е тешко, т.е. не  енеизводливо, ама потешко е од метал, ем треба ептен прецизно да ги направиш дупките и со сталак да ги бушиш, да не ти избега бургијата и навокчјот. А со лепак е 2 мин работа :)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #839 on 14.09.2019, Saturday, 14:23:59 (Edited 15.09.2019, Sunday, 03:57:44) »
Почеток на нова тема Дискусијата е почната во оваа тема и пресечена по оваа порака.

Не значи дека ќе ги добиеш баш тие со таа штампа, можно е во меѓувреме продавачот да ги продал па да набавил други од друг добавувач со друга штампа.
Мое мислење :)