Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261315 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Така, на крај кој знае што ќе испадне дека треба да е преводот и за овие стапчиња :D ептен се сомнева дека има врска со силикон, освен што така изгледаат xD
Кој го занима нешто повеќе
Code: [Select]
https://www.hotmelt.com/blogs/blog/the-truth-about-hot-melt

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #751 on 15.06.2019, Saturday, 17:12:25 (Edited 15.06.2019, Saturday, 20:50:29) »
Што мислите за овие дали би биле безбедни директно од кина да се нарачаат? Дали поминуваат некој прописи, тестирања, регулативи во смисол на безбедност пред да излезат од кина па макар да се продаваат преку ebay, aliexpress...
Дали има нешто вакво кај нас ?
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/192902108027

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Според моето искуство порачките од кина се лотарија, ми се има случувано алат да функционираат одлично и да траат долго време а и некој алат да се распадне при првото користење.
Колку што имам гледано и читано контрола на квалитет нема барем не за поефтините  работи. Кога се прават копии на копии на копии на некој уред/алат и со секоја копија скратиле од квалитетот на изработката и материјалите според мене нема контрола.Ако не се замараат како текстот испечатен на уредот/алатот е напишан не верувам дека би се замарале за правилното функционирање на уредот/алатот.
Со порачките од интернет е игра на среќа нема константност, се купуваат од нелегални локални производители домашни гаражи или од пазари( има видеа по интернет од пазарите во кина) каде истиот производ го имаш за 5 центи и за 50 центи а на интернет се продаваат по иста цена.
Мене дискот од линкот ми изгледа како дел од ланец за рачем мотор за сечење дрва (моторна пија за дрва), јас лично не би им верувал на карактеристиките кои ги имаат пишано, не викам дека не се точни но јас сум скептичен дека дискот би останал цел на 10000 13000 вртежи, и не верувам дека некој ги има тестирано карактеристиките и квалитетот на тие дискови.
Како би резбарел дрво со диск од 125мм за рачен циркулар?
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Не видов дека има сликичка од циркулар а на името од линкот е пишано за шмишајбна и со нејзе би се резбало не со циркулар.

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Еве овој има пишано дека купил од ebay. Сепак тоа што го кажа ме предомисли, само ако има од тука брендирана од некоја фирма би земал, колку толку проверена ќе е до некоја граница на безбедност. Сега засега со 24,36 бројче шмиргла на шмишајбната може нешто да се изрезба за занимација.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Според моето искуство порачките од кина се лотарија, ми се има случувано алат да функционираат одлично и да траат долго време а и некој алат да се распадне при првото користење.

Се сложувам, со тоа што би рекол дека околу 90% од нарачаните работи си функционираат одлично... е сега, да, 10% се ѓубре :-\.

Мене дискот од линкот ми изгледа како дел од ланец за рачем мотор за сечење дрва (моторна пија за дрва), јас лично не би им верувал на карактеристиките кои ги имаат пишано, не викам дека не се точни но јас сум скептичен дека дискот би останал цел на 10000 13000 вртежи, и не верувам дека некој ги има тестирано карактеристиките и квалитетот на тие дискови.
Како би резбарел дрво со диск од 125мм за рачен циркулар?

За резбарење, не. За сечење, да, верувам дека брка работа. И јас за тоа би го земал, за „цепење гранки :P“. Со колега на работа баш правевме муабет за оваа направија, сакавме да нарачаме, ама сеуште не стигнала на листата на работи кои треба да се нарачаат од Кинезиве :P :D.

Не видов дека има сликичка од циркулар а на името од линкот е пишано за шмишајбна и со нејзе би се резбало не со циркулар.

Може да се монтира и на циркулар и на шмишајбна ;). Само провери ја димензијата на дупката за монтажа. Шмишајбните и циркуларите кои ги има кај нас имаат доста поголеми дупки во однос на оние кои може да се најдат кај Кинезиве. Се имам така зезнато за адаптер за монтажа на камче од шмишајбна на бормашина, димензиите на дупката за монтажа се многу помали во однос на дупките на камчињата кои може да се најдат кај нас. Не знам по кој стандард се водат, можно е да е прифатен насекаде низ светов, но не и кај нас, очигледно. Дупките на камчињата што се продаваат кај нас мислам дека се 22m, а овие се 15mm или нешто помалку да беа... не ми текнува сега, само знам дека не одговараа :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
За пилата од линкот пишува 22мм, а други што ги скролам по ebay гледам има и по 16мм и 20мм димензија на дупката за монтирање.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа тогаш измери (не сум сигурен дали дупките на камчињата кај нас беа 22mm, а ме мрзи сега да мерам :P :D) и ако одговара, јас би земал една :). Ако не чини, врати си ги парите назад ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Рачни циркулари имам видено со дупка :)  од 16мм до 32мм  и со различен дијаметар на ножот/дискот.
Незнам дали ти треба за нешто специфично диск со заби како ланец за сечње како од линкот погоре или  не јас би земал стандарден нож/диск за сечење. Незнам тие од линкот за што се користат и колкѕ добро ке сечат.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Повеќе се корисри за стужење/одземање(grindinig).btw изгледа приличнонбрутално xD

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Незнам дали ти треба за нешто специфично диск со заби како ланец за сечње како од линкот погоре или  не јас би земал стандарден нож/диск за сечење. Незнам тие од линкот за што се користат и колкѕ добро ке сечат.

Би требало да бидат добри, но само за непрецисно сечење гранки... не би го користел за прецизно сечење на иверка или дрво, на пример за нешто што сакам да правам од дрво (плакар, сталажи, итн.). Верувам дека добро „јадат“, но, како што кажав, само за непрецизно сечење. На пример, не верувам дека се добри за резбарење или нешто слично. Ако сакаш прецизно да резбаш, се знае, гравирка е за тоа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Или пила со негативен агол. Побарај на јутубе, канлот е "кључ тринајс"-српски е ( ме има фатено мрза иначе ќе го постирав видеото :D )

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Мислам дека со толкаво растојание помеѓу забите ако се користи за сечење иверка ќе ја уништи/искрши каде што се сече. Освен ако не сакаш да правиш пилавина :)
Назад на прашањето, не верувам дека имаат проверка на квалитет тие производи  може да работи но и немора не е правило.
Се работи за алат кој нема да биде само потрошени пари доколку не е тоа што се рекламира, може да биде смртоносен ( мене лично ми се има кршено нож од циркулар купен од Lidl ако те закачи дупка прави)
Доколку порачаш (не викам дека нема да биде во ред) тестирај на помалку вртежи или фиксирај го циркуларот на постоље или нешто друго за да се заштитиш кога ке пробуваш бидејки по Е..ње нема каење.
Тоа не лед светилка па свети или не, ако не е добар ножот можеш да имаш катастрофални последици.
Доколку јас би го порачал би направил се што можам да се заштитиш.
 Тоа е  мое мислење и мое гледање на работите, се разбира секој може да прави што сака.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Заштитата на прво место, во секој случај ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Овие и јас од поодамна ги гледав, ама не нарачав поради причините наведени погоре - не сум сигурен дека нема да се распаднат и да се разлета ланецот насекаде.
Иначе се предвидени за на брусилица, не се наменети за сечење, туку за грубо стругање/одземање дрво, на пр. ако правиш тањири од дрво, скулптури како оние со моторна пила што ги делкаат и сл. и за тоа се одлични, со ова за секунда може да издлабиш дрвен тањир, ако одиш рачно со длета ќе ти треба цел ден. Е сега, ако ти лизне раката накај тебе... ::) :-\
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio