Јас имам нарачано два различни.
Едниот е екстремно прост, само прави проверка на париците и да, вреди за парите (неколку долари беше). На работа, најчесто овој го користиме ако треба само да истестираме кабел
.
Другиот е далеку покомплициран, со LCD дисплеј е, мери растојание на кабел, кратки споеви во кабелот, на кое растојание од прилика е краткиот спој, кои парици се прекинати или во краток спој и уште некои други работи.
Гледам веќе не го продаваат оној простиот LAN Tester како јас што го имав нарачано. Тој изгледаше вака.
Кај овој добро беше тоа што можеше да се користи и како тестер за телефонски кабли, но и како тестер за USB кабли како за принтери (USB A-Type Male to USB B-Type Male).
Е сега, гледам, овие ги продаваат.
https://www.ebay.com/itm/192163640235
Овие немаат тестер за USB кабли.
Искрено, никогаш го немам користено тестерот за USB кабли, но добро е да се има како опција. Може адаптер да се направи за такво нешто, ако има некој потреба, од RJ45 на USB, но добро е да го има и како конектор на самиот тестер
.
Гледам и овие се доста популарни, а и се поевтини во однос на претходните.
https://www.ebay.com/itm/282566830613
Од претходните, никаде не начекав слика каква батерија користат, но ако користат две од по 1.5V, не би го земал. За овие вториве се гледа дека користат батерија од 9V, што сметам дека е подобар избор за било каков тип на мерен инструмент
.
Освен тоа, кај првите гледам само On/Off копче, додека кај вториве контролата е со тастер. Ако има само On/Off копче, значи дека најверојатно системот за тестирање ги менува париците преку shift register (едно просто логичко коло) и RC временска база. Не дека е ова лошо решение, не е, но минималниот напон на работа на CMOS логичките кола е околу 5V, но не и под тоа.
За разлика од тој, вториот има само еден тастер, многу слично како оној кој јас го имав нарачано, што значи дека shift-увањето на париците е најверојатно изведено со микроконтролер, бидејќи јас оние кое го имав нарачано, преку тастерот се пали и се гаси тестерот, но се и менува брзината на shift-ување (ротација) на париците, како и тоа дали shift-увањето да е мануелно (рачно, со кликање на тастерот) или автоматско, што значи дека најверојатно микроконтролер е одговорен за тоа
.
Е сега, секој од овие два начини на работа си има предности и недостатоци. Кај првиот тестер, предност е тоа што прекинувачот директно (галвански) ја одвојува батеријата од остатокот од колото, што значи дека кога тестерот не работи, батеријата воопшто не се троши. Кај вториот, има само тастер, што значи дека кога тестерот е исклучен, дека всушност е во stand by. Искрено, мене вакви модови на работа кај мерни уреди воопшто не ми се допаѓаат. Затоа и додадов дополнителен механички прекинувач на мојот кој галвански ја одвојува батеријата од колото
. Зошто за џабе да ја празни батеријата, нема потреба
.
Исто така, бидејќи вториве најверојатно се со микроконтролер, тоа практично значи дека може да ставаш и „званично“ празни 9V-ни батерии во нив, бидејќи во нив најверојатно има стабилизаторче за 3.3V за напојување на микроконтролерот, а тоа значи дека, практично, на влез може да дојде било кој напон од кај 12V до кај 4V и ќе работи
.
И, се разбира, без разлика кој ќе го избереш, откако ќе ти стигне, отвори го и прелеми се што можеш, бидејќи кај овие петпарачниве Кинески направии, скоро секогаш се проблематични лемовите. Ако има електролити во него, јас би ги сменил и тие со некои поквалитетни.
Оној поскапиот кој го спомнав е овој.
https://www.ebay.com/itm/113301858469
Многу повеќе опции има, но и цената му е многу повисока
.
Има и едни Cable Testers/Finders... ние на работа ги викаме „пиу иу“
... бидејќи пиштат кога се доближуваш со сондата до кабелот кој го бараш
. И тие се добри, ги користиме доста на работа, бидејќи често треба низ купишта кабли да го најдеме оној кој ни треба
. Ако сакаш, и од тој ќе ставам линк
. Немам нарачано таков тестер, но на ниет сум, бидејќи е корисен за барање на било какво вид на кабел, дури и напонски
(само да е изгасен од високонапонската мрежа, се разбира
).