Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261272 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дaли некoј имa прoблем сo прием нa прaтките oд Мaкедoнски пoшти? Oд пред месец денa имaм пoрaчaнo 6 рaбoти и дo сегa ништo немa стигнaтo:(
Дaли е прoблемoт тoa штo истите се aдресирaни дo Мaкедoнијa a не сo нoвoтo име ?
Нa 17track ми пoкaжувa декa се трaнзит и дaтумoт нa aжурирaње е oд пред месец денa.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Доле има два таба. Едниот е Description, другиот е Shipping and payments
Во Description е наведено App name: Wemos

Друга апликација со ова име не најдов:
Code: [Select]
https://play.google.com/store/apps/details?id=mbojer.wemosdimmer

Е да, ама тоа не е на сликите од продавачот :-\.



Освен тоа, таа апликација од која имаш ставено линк (Wemos) е апикација само за димер. Колку што видов нема On/Off функција, а генерално, тебе за тоа ти треба, не ти треба да биде димер... иако, да бидам искрен, не е лошо да го има како опција, но примарно треба да биде прекинувањето, а не димерот ???... што очигледно не е логика која Кинезиве ја применуваат ::)... има опција за димување, но не и опција за On/Off ::). Ц ц ц ц ц... што се не ќе видиш ;D.

Искрено, од моето досегашно искуство со Кинезиве, во 80% од случаите не ни знаат што продаваат. Земи го истиот овој производ и провери кај некој друг продавач, ќе видиш дека некоја друга апликација пишува ;D.

Еве, прост пример. Овој дури и поевтин е, тие со EU plug се $10.04 ;D.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/332821345476


Тука пишува дека работи со онаа која јас ја наведов (eWeLink).

Quote
The App eWeLink enables you to control your devices easily. You can download the iOS version in App Store and the Android version in Google Play.

А можно е да работи и со плеада на апликации, кој знае... имаше нели на оној од кој ти имаш ставено линк "Amazon Alexa", "Google Smart Home"... можно е и со нив да работи, кој знае ;).

@Mkdsime: Искрено, се откажав од гледање на такви работи (транзит, манзит). Ако стигне, ОК, ако не, враќај парите назад. Не можам да се замарам. Само оваа година имам до сега преку 40 нарачки направено од Кинезиве, ако гледав за сите, кај ќе ми беше крајот :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дaли некoј имa прoблем сo прием нa прaтките oд Мaкедoнски пoшти? Oд пред месец денa имaм пoрaчaнo 6 рaбoти и дo сегa ништo немa стигнaтo:(

И мене не ми стигнаа едно 10-тина работи нарачани од почетоков на годинава... ништо ново... на кој крај заглавуваат, не знам, а и престанав да се интересирам. Само знам дека ако во рок од два месеци не ми стигне, си ги барам парите назад, чао пријатно ;). Би те посоветувал и ти истото да го правиш. Ако во рок од два месеци не стигнат, прво културно побарај си ги парите назад, ако не сака да ги врати или те мафта, отвори си case ;).

Дaли е прoблемoт тoa штo истите се aдресирaни дo Мaкедoнијa a не сo нoвoтo име ?
Нa 17track ми пoкaжувa декa се трaнзит и дaтумoт нa aжурирaње е oд пред месец денa.

Не, нема везе со новото име. Ако е таква работата, ние званично се водевме како FYROM или FYRО Macedonia, па јас никаде немам пишано дека адресата ми е во државата FYROM или FYRO Macedonia ;). Секаде си ставав Macedonia и немаше проблем ;)... т.е. имаше од време на време, кога не стигаа, ама тоа не беше поради името ;).

И верувај 1 месец не е нешто многу долго време. Мене знаеле да ми стигнат и по 7 недели, некогаш и по повеќе од 2 месеци (зависи каде ќе заглави пратката изгледа ::)). Таква ситуација имав баш сега пред некој месец, нешто по нова година. Имав нарачано некои работи пред нова година (ќе да беше ноември), не стигнаа до јануари и најкултурно си ги побарав парите (кои ги дадоа доброволно, кои на сила ;D, на крајот сите ги вратија ;)), ми ги вратија и сега крај на февруари ми стигнаа тие работи кои доцнеа од ноември ::). Кај заглавиле, појма немам... а и немам намера да се замарам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пред два дена велеше acess denied кога ќе кликнам buy, но се оправи... Мислев до мене е...

Од време на време има проблеми. Од апликацијата секогаш работи. Затоа и ставив линк од виртуелна машина на која ја има неа инсталирано ;).

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?msg=124346
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ги нарачав овие лепаци.

Овие два се термопроводни лепаци.

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/222572435552




Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/122087537545


Ќе видиме кој е подобар ;).



Овие два се универзални проѕирни лепаци. Пишува дека може да се користат и за кондури, што значи дека би требало до некаде да се еластични, а и као демек добро стегале... ќе видиме ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/163188767189




Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/233095008540
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Со овие термопроводливите лепаци што може да се лепи (го имам првиот Stars-922)?
Ваљда било каков хитсинк врз процесор/IC и.т.н....



Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
последните 2 ги иимаш во мегамобиле

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со овие термопроводливите лепаци што може да се лепи (го имам првиот Stars-922)?
Ваљда било каков хитсинк врз процесор/IC и.т.н....

Да, било кое ладилно тело со било која компонента или друго ладилно тело ;). На крајот станува како силикон, само потврдо ;). Не знам дали си ги забележал оние белине „силикони“ кои ги користат во полначи за лаптопи за да одвојуваат компоненти една од друга (за да не се допираат компонентите). Едвај се вадат, а и кога се вадата, како тврда гума се крши и никако не можеш да го одвоиш од компонентите ::), колку и да пробуваш, не бе секогаш некое делче останува на плочката или компонентите ::). Епа таков лепак е овој ;).

последните 2 ги иимаш во мегамобиле

Хммм... не знаев. Добро, тоа е тоа, јас веќе ги нарачав, така да, тоа е тоа, ќе видиме какви се кога ќе стигнат ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Аха, сум го видел тој лепак како бела алва :D
Добро јасно е сега, инаку тоа тубиче е многу малецко. :)



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Аха, сум го видел тој лепак како бела алва :D

Е да, така некако ;). Мислам и дека некаде имаше и слика на eBay како изгледа... чекај да побарам ;).

Да, еве, во горниот десен агол се гледа ;).



Добро јасно е сега, инаку тоа тубиче е многу малецко. :)

Епа да де, затоа земав 10 ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Хехе, јас само едно имам и уште не сум го отворил мада целата тубичка е во дебел најлон вакумиран и нема шанси да влезе воздух, нормално додека не се отвори да се употребува.
Инаку го користат и за фиксирање на калеми и изолација на + од маса.
Корисно е ова во секој случај.



Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
за зацврстување „polygel“, иако е за надградба за нокти, буквално камен се прави, можеш навој да нарежиш во него :)Исто и абро и поксипол се добри двокомпонентни лепаци, а и се прилочно термокондуктивни, крепат високи температури(со 100 целзиуси сигурно) а и добро лепат, е сега гледам некој течен метал редат по процесориве ама цве ми се лини дека ќе се размачка и кај што не треба оти стварно е како вода вискозен, овие се како пластелин/мед и со водена крпа/нож/стапче лесно се обликуваат, само се сушат буквално за 2 минути, додека пак геот за нокти (полигел) се суши или на јака денска светлина или со ув сијалица.
k-300 е ув лепак и се суши доста долго со ув сијалица или пак со тие високонапонски сијалици ( да не речам рентген :) ) и останува еластичен.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Со што би било најдобро да се залепи хитсинк за некое IC?



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас би пробал со овие што ги нарачав... инаку, на работа имаме и со супер лепак лепено... не е лошо, проведува топлина, ама колку... не би знаел да кажам. Во секој случај, подобро е отколку ништо, така да, додека стигнат, со супер лепак ќе си лепиме :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
двокомпонентниве се ок, далеку подобри од суперлепак, е сега 8 јадрен процесор нема да ладат :D Ваљда hy910 е најдобар, ама ако не е оптоварено многѕ иц0то двокомпонентниве се солидни.