Ако се работи за еден два отпорника одврмене навреме не е проблем да ги извадиш, но да изгубиш неколку саати за ваденје на отпорници кои вредат 2 долари не се исплакја.
Со цените на отпорниците во денешно време, ако ги вадиш од уреди ке потрошиш повеке пари за струја отколку да ги купишод интернет.
Се согласувам, но веќе кога вадам се, од плочката, ќе ги извадам и нив
.
А освен тоа, мене отпорникот не ми треба по еден месец или два, ми треба сега.
Во секој случај, да, би нарачал отпорници со 1% толеранција, тоа немам и да, се исплати да се нарача цела палета таква од 0.25W
.
Тамо ми дава да му пишам порака на продавачот, пишав, па да почекам а ?
Да. Ако не ти врати за 5 дена (таква мислам дека беше политиката), од eBay ќе ти пратат потсетник со прашање „дали сакаш eBay да се инволвира во проблемот“, ќе одговориш „да“ и ќе ја елаборираш причината. Парите ги враќаат за максимум 2 дена (мене барем не ми се има случено да чекам повеќе од 2 дена), иако најчесто, барем во ваква јасна ситуација (продавачот никаде го нема), парите ги враќаат за неколку часа.
Еднаш покренав case преку PayPal... не знам што финта направи продавачот, на крајот излезе дека јас сум виновен
. Нешто беше финта со ненавремено одговарање на case-от... не знам што точно направи, како и да е, го изгубив case-от и затоа веќе не покревам case преку PayPal.
Ако си пишал на продавачот почекај има рок за кој треба да одговори продавачот ако не одговори за тој период можеда ја ескалираш постапката на ebay, па да одлучи ebay.
Да, ќе почекаш некој ден ако постапката ја ескалираш до тоа да се инволвира eBay во неа
, но секогаш ги враќаат парите
.
Пишав во тоа резулушан центар, демек на продавачот... и на ибеј пишав... Више не знам кај да се обратам, више пукнав
Не треба на две места да отвораш. Ова го имам прочитано неколку пати на форумот на eBay... не знам зошто, најверојатно бидејќи се два посебни системи, па ако ти ги вратат парите од едно место, можно е и од другото да ги вратат пак ако донесат одлука во твоја полза, па на крајот да завршиш со двојна сума
. Не дека ќе ти се слоши од вишок пари, ама не сакаат вакви работи ни од страната на eBay, ни од страната на PayPal.
Јас би затворил еден од case-овите. Кој... ти одлучи си. Јас би за тој на PayPal.
Чим го нема продавачот само преку пејпал.
Нема везе... мене ми имаат вратено пари преку eBay, а продавачот беше fake (му го имаа избришано account-от на eBay од нивна страна по поплака на купувачи дека е fake). Само што мораше да почекам едно недела или две за да ми ги вратат парите, толку, на крајот ми ги вратија
.
Артиклот сеуште стои во purchase history ако треба да го бираш преку resolution center. Тоа е најважно. Ако стои и ако може да покренеш case, нема од што да се плашиш, кога тогаш ќе се реши случајот
.
Без разлика дали е сеуште регистриран продавачот или не доколку можеш да отвориш постапка преку ebay они ке ја разгледаат и ке ти одговорат. треба неколку денови.
Да, само треба време да помине, ништо повеќе
. Тоа е ticket систем. Кога ќе дојде твојот ticket на ред, ќе биде решен
.
Тогаш чекај да мине тој период каде што продавачот треба да се изјасни, ако не се изјасни тогаш по автоматизам добиваш рефунд.
Токму така
.