Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 262005 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #525 on 08.06.2018, Friday, 02:30:54 (Edited 08.06.2018, Friday, 03:02:36) »
Имате матична плоча која нема onboard графичка картичка, а PCI Express 16X слотот не ви работи? Еве решение ;).



Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/201647902245
Функционира со било која графичка картичка, пробано со неколку nVidia и ATI картички ;). Најчесто, на LGA775 плочите (и еквивалентните AMD конфигурации од тој период) имаше само еден PCI Express 16X слот и еден PCI Express 1X слот... понекогаш и по два PCI Express 1X слотови или уште еден PCI Express 4X слот, но ретко која плоча од LGA775 генерацијата имаше два PCI Express 16X слотови.

Значи, ако ви откаже единствениот PCI Express 16X слот на матичната плоча (поради некои причини, не работи) а немате onboard графичка картичка, можете да го искористите 1X слотот од плочата со помош на овој адаптер ;). Како ќе ја мотирате картичката во куќиштето е ваш проблем ;D, важно е некако да стои ;).

Да, знам дека овие extenders се користат за mining и render farms, но одлично функционираат и за оваа намена. Проблем е само тоа што сигурно нема да можете да играте игри на таа конфигурација на која ќе го ставите овој адаптер бидејќи на картичките им требаат сите 16 bus-ови за да може паралелно да им пристигаат информации на сите bus-ови и паралелно да ги обработуваат. Со само еден bus, тешко дека ќе може нешто корисно да прави картичката од 3D обработка :S. Mining и render farms не се проблем бидејќи нема потреба да се праќаат паралелно огромни квантуми на податоци, доволно е да се прати мал квантум кој бара многу обработка, која може ALU-ата да го обработат и повторно, преку истата магистрала да го вратат назад. Практично, тоа значи дека времето потребно да се обработи податокот е поголемо од она кое е потребно за да се прати, така да, затоа не претставува проблем што овие extender-и се користат за такви работи ;). Ова е чисто информативно, да знаете само дека ако мислите да ставите некоја WOW картица, дека нема да извади ни 10% нејзините перформанси. Најдобро е ако имате некоја постара SFF (Small Form Factor) картица и неа да ја ставите ;). Ем нема да имате проблеми за монтажа (има простор како да ја распоредите во куќиштето), ем ќе и ги искористите перформансите. Tие и онака немаат кој знае какви перформанси, а и за „не 3D“ (desktop) апликации, најчесто го користат само едниот bus (првиот 1X ;)). За среќа, DirectShow (дел од DirectX, составен е од повеќе API-а, меѓу кои се и Direct3D, DirectShow, DirectSound, DirectDraw, итн.), кој се користи за playback на видео материјали (филмови ;D) и онака најчесто користи само еден bus и кај ATI и кај nVidia картичките, така да, на компјутерот слободно може да гледате видео материјали (тука се разбира спаѓа и сурфање, YouTube, итн.) без никаков проблем, исто како да ја имате монтирано картичката на 16X слот ;).

И ете како од неисправна матична плоча за 2.5 долари да добиете исправна „даска за сурфање“ и филмчиња ;).

ПС: Исто така работи и со други PCI Express картички, како што се SAS (Serial Access SCSI) контролери (пробано ;)), со тоа што ако контролерот е, на пример, 4X, нема да може да ја постигне декларираната брзина (која конкретно кај SAS картичките е екстремно голема, 10 или 20GBits/S, што е практично неизводливо да се постигне во многу услови), но затоа без проблем ќе работи ;). Се подига и Option ROM-от (BIOS-от на картичката) без проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ова ми стигна денес - 500 Ethernet конектори ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/131363961102


Со оглед на тоа дека кај нас еден е минимум 10 денари, практично изглегува дека Кинезиве ми ги подариле :P ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
10 ден се дека претежно одат преку фирма и народот плаќа... знаеш натака.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
него кернер на репетирање како да побарам?
Исто и „двојно калени“ нарезници. Дабл каст тап?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
10 ден се дека претежно одат преку фирма и народот плаќа... знаеш натака.

Е да бе преку фирма па поскапи ::). Па и во BT се толку, а ни фискална добивам ни ништо. Во Loging мислам дека се 15 или 20 денари еден, не ме земај за збор :o.

Кажи си искрено, на такви ситни работи кај нас се прави најголемиот ќар ;).

Знаеш дека на мауси и тастатури нема царина бидејќи спаѓаат во IT опрема? Знаеш колку е набавна цена на оние најевтинине ѓубренца мауси? 15, 20 денари. Знаеш колку ги продаваат? По 100, 120, 150 денари. Тоа е повеќе од 500, 600% од набавната цена... па сега ти направи си математика ;).

него кернер на репетирање како да побарам?
Исто и „двојно калени“ нарезници. Дабл каст тап?

Дај слики или линкови, за мене ова што си го пишал е Кинески :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Code: [Select]
https://www.google.com/imgres?imgurl=http%3A%2F%2Fwe.easyelectronics.ru%2Fuploads%2Fimages%2F00%2F54%2F31%2F2016%2F12%2F31%2F482548.png&imgrefurl=http%3A%2F%2Fwe.easyelectronics.ru%2FTools%2Fkerner-eto-prosto.html&docid=_213VrPg3kvkkM&tbnid=ROX3ieq8rnT2pM%3A&vet=10ahUKEwj-yqffnpLeAhWC2SwKHQU-DBsQMwhVKCQwJA..i&w=695&h=275&bih=885&biw=1745&q=%D0%BA%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%80&ved=0ahUKEwj-yqffnpLeAhWC2SwKHQU-DBsQMwhVKCQwJA&iact=mrc&uact=8Ко ќе обележуваш за бушење, да не ти бега бургијата, шило, игла, остар предмет со посебна намена само за обележување. Е сега ова е кинетичко шило, сличен механизам на пиезото од упљачите, како го стискаш се набива приужината и цела сила ја ослободува во еден момент и како да пука и прави дупка.
hole punch би требало да е ама слабо ги има така на ибеј.

Бт е башка прича, логин претежно работат со фирми, затоа е цената 20 денара :) Која  државна фирма гледа дека се на али експерењс или ибеј поефтини ? :)
Појди земи шајбна м3 во ариље метал, и појди во бриколаж, на пазар, некоја железара  :) во ариље метал се 10 дени  :) Јас си земав за 50 денари, нека има и за внуци :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
него кернер на репетирање како да побарам?

Се вика "pneumatic center punch", "spring-loaded center punch", "automatic center punch"... се нарекува на повеќе начини, но обичен кернер се вика само "center punch" ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/401544156096




Исто и „двојно калени“ нарезници. Дабл каст тап?

Не знам како се викаат двојно калени нарезници и урезници, но урезница на Англиски се вика "screw tap", а нарезница се вика "screw die" и ги има на ebay, а и не се баш скапи. Не знам дали се двојно калени, но еден пријател има купено (од најевтините има купено), ми кажа дека без проблем режел железо со нив, така да, би требало да се добри ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Значи овие на парче као деме титаниумски нарерзници и урезници(врезници) ќе бидат одлични, и онака се по долар-два до кај м10.
Е да тоа го барав, сме се разбрале значи. Од гледање во живо и од видеа ептен лезет работа. Мада мислам дека ппк ќе ја пукне, ама ќе пробам на витропласт, кога ќе стигне :)

*аутоматски видеава ги прави на преглед ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Значи овие на парче као деме титаниумски нарерзници и урезници(врезници) ќе бидат одлични, и онака се по долар-два до кај м10.

Земи ги, верувам дека се добри ;). Од овие машинскиве работи, генерално земено, од Кинезиве немам од што да се пожалам. Имам нарачано барам 30-тина работи за машинска обработка, ретко нешто да не се погодило ;).

Мада мислам дека ппк ќе ја пукне, ама ќе пробам на витропласт, кога ќе стигне :)

Не верувам ;). Пертинакс, можеби, ама витропласт, не верувам. Тоа чудо тешко и се крши. Правено е слој по слој, напречно па попреку, во X форма (еден слој, па друг под агол од 90 степени), слично како шпер-плоча ;). Не знам што материјал е, ама ќе да е нешто слично на фиберглас... барем мене така ми изгледа бидејќи не се топи на обичен оган (запалка, упаљач).

*аутоматски видеава ги прави на преглед ?

Хммм... изгледа ќе да е така... искрено ни јас не знаев :D... бидејќи кога ти го цитирам одговорот, вака ми го цитира.

Значи овие на парче као деме титаниумски нарерзници и урезници(врезници) ќе бидат одлични, и онака се по долар-два до кај м10.
Е да тоа го барав, сме се разбрале значи. Од гледање во живо и од видеа ептен лезет работа. Мада мислам дека ппк ќе ја пукне, ама ќе пробам на витропласт, кога ќе стигне :)
https://www.youtube.com/watch?v=wKDR19EHQm0
*аутоматски видеава ги прави на преглед ?

Мислев дека мора да се стави YouTube BBCode-от за да го прикаже видеото во рамка, ама сменив верзија на YouTube mod-от пред некоја недела, оваа изгледа прави автоматски YouTube embedding во коментарот ;).

Добра информација, да не пишеше некој немаше да знам ;D... бидејќи нели, како и секој Македонец, не читам упатство за употреба („пффф... шо ќе ми е бе, се си знам, не знам зашто будаливе се гњавеле да го преведуваат ::)“), ниту пак change log ;D („па шо има ново па да ми треба да знам, исто изглеа ::)“).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Хехе, али е добар ауто-кодерот :) Инаку може во гравирки да ставиш сите пропратни алатки (поврзани со гравирки) во слободно време, оти ми се чини си мастер за ибеј хаха.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Нема проблем, ќе ставам што мислам дека е основно и секој кој би купил гравирка би требало да го има ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #536 on 17.01.2019, Thursday, 06:16:11 (Edited 28.02.2019, Thursday, 23:48:54) »
Што мислите исти се сијалициве, конкретно за уб лепак ми треба
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/283328981276
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/132911598149

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Мене ми личат дека се потполно исти.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: bicikle
Што мислите исти се сијалициве, конкретно за уб лепак ми треба
А што е тоа уб !!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Мислел ваљда на UV лепак.