Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 262152 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Затоа имам посебна картичка за купување онлајн на која ставам пари само кога треба да нарачам нешто. Плус ова е добра превенција за импулсивно купување, кога ти е досадно... :D
Кога ќе се видиме ќе ми покажеш како оди целата оваа работа со андроидот... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
И јас затоа имам посебна картичка...никогаш немам пари па ваљда сум доволно заштитен.  :)
...плус fingerprint scanner...не е лош  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И мојата картичка е „таква“ (;D), од оние што ставам пари само кога ми треба да купам нешто, ама пак, зошто да ризикувам некој да стигне до моите податоци ;).

Наречете ме назаден, не во тек со времето, како сакате, ама не верувам многу многу на новиве технологии... особено кога се врзуваат со се што постои online.

@LordZi: Нема некоја филозофија. Ја инсталираш апликацијата од ebay (ваљда ја има на PlayStore, не знам, јас ја симнав како APK и рачно ја инсталирав на Android 5.1 x86) и од неа купуваш преку телефонот/таблетот ;). Ако сакаш, за да можеш подетално да ги разгледаш производите, може на PC/лаптоп да разгледуваш и само да ги додадеш во basket, а да платиш преку апликацијата ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Гига ти се ептен топ ич не си назад со времето него не дозволуваш времето да влијае многу на тебе тоа ми се свиѓа топ е инаку дечки правилно што така постапувате што имате картички со ич пари што се вика еден познаник по прост малце ај да речам се и сешто кликаше и купуваше и сакајки да купува авионски билети за Германија вели одеднаш анти вирусот што ми го инсталира софистициран се пиратска верзија али многу добра на било какви линкови дури кога и сакал да се логира на факултет го исклучувал му давал дека личните податоци не му се безбедни после тоа јас му рикна лаптопот вика отиде се кога нормално јас му го правев хард дискот му отиде но успеав да му ги спасам и податоците и додека ги вратив старите и после дури му ја инсталирав бугарската верзија на eset smart security видов дека кога сакал да порачува карти авионски за 11евра и не му давал антивирусот се гасел ги видов двете   IP адреси што сакале да го клонираат пробувале кредитната картичка да му ја пробијат али без успешно сега му е страв eBay да отвори. Само фино ги пријавив двете IP адреси на интерпол од Германија беа двете.
Затоа и јас како Гига не верувам на секој знам другари кој во средно правеа страници се со цел да навлечат британка една навлекоа и ја имаа кредитната картичка али ништо не успеаа ништо младост лудост сега се сменети. Нормално секој кој си одржава форум јас сум одржавал гејмерски што сега не постои па и вие админи можете точно да видите и си се гледа кој со која IP адреса кога влегол на форумов и во колку саат. Некогаш IP е доволно за нешто се најубаво админи форумџии да се допишуваме на форумов спремам и некое проектче ќе отворам тема топ да ни е да се дружиме.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #484 on 19.11.2016, Saturday, 09:14:15 (Edited 19.11.2016, Saturday, 10:19:38) »
Наречете ме назаден, не во тек со времето, како сакате, ама не верувам многу многу на новиве технологии... особено кога се врзуваат со се што постои online.
Мене ми е со години залепена камерата на лаптопот со црна изолир-трака, па ти види сега... ;) :D

Иначе сега пробав, на телефон со win 8.1 може да се купува најнормално преку browser-от, само ја отвараш страната на ибеј, не ти требаат никакви апликации... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Тешки легенди сте еј  ;D ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Гига ти се ептен топ ич не си назад со времето него не дозволуваш времето да влијае многу на тебе тоа ми се свиѓа топ е...

Е да, ова е малку подобра дефиниција од мојата :P ;D.

...и после дури му ја инсталирав бугарската верзија на eset smart security...

Која е таа Бугарска верзија :o, дај линк да видам ;D.

До ESET Endpoint 5, функционира ESET PureFix-от, за ESET Endpoint 6 има еден нов Fix (Hacktivator) и мора да го подигнеш во Safe Mode по инсталација на ESET Endpoint 6, за да не се подигне и Endpoint при boot.

Мене ми е со години залепена камерата на лаптопот со црна изолир-трака, па ти види сега... ;) :D

Да да, кога би имал лаптоп и јас исто би постапил. На некои ретки модели може да се гаси камерата од BIOS, ама дури и да начекам таков модел, ако ми треба камерата за нешто, ќе треба да го рестартирам, па во BIOS да правам Enable на камерата... поедноставно е ова твоево ;D ;).

Иначе сега пробав, на телефон со win 8.1 може да се купува најнормално преку browser-от, само ја отвараш страната на ибеј, не ти требаат никакви апликации... ;)

Најверојатно е некој проблем со PC верзијата на сајтот... дали од страната на ebay, дали од страната на PayPal, не знам, ама врз база на ова што го кажа, проблемот очигледно е во сајтот.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Сакам да ве прашам дали постојат скамери на ebay и дали ги има во поголем број? Бидејќи имам информација од еден мој другар, нивни пријатели наводно купиле телевизор преку ebay и им стасало само кутијата од телевизорот наполнета со суннѓери и такви слични работи.  ???

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Имам приметено дека во последно време има се повеќе огласи којшто продаваат продукти чијашто цена е 10 пати пониска од цената на истиот производ кај некој друг продавач. Еднаш нарачав јакна којашто беше 10 пати поевтина од друго место и не стигна после месец дена само им пишав до каде е јакната ништо ми немаа вратено како одговор туку ми ги вратија парите одма на сметка. Незнам која им е целта а знам повеќе луѓе којшто имаат нарачано вака и парите одма им биле вратени а поризводот не стига никогаш.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епааа... не се купува телевизор од ebay ;D.

Купуваш ситни работи. Уредчиња, ова она... јас и облека не би купувал од Кинезите, ама гледам некои купуваат. А за телевизори и такви работи, си има продавници и ќе си купиш од таму.

А за scams, да има. Јас така нарачав 512GB flash (???)... си викам, ај, може навистина прават толкави, иако немам видено никаде online толкав да се продава, ама па... ситна пара беше (6, 7 долари, така нешто), си викам, ај, ќе го земам па и да е scam, ќе си ги вратам парите назад. И навистина, така беше. Flash-от беше од 8GB, а во firmware-от му беше сменет капацитетот на 512GB. Ако пробаш да запишеш повеќе од 8GB на него, explorer се блокира и паѓа и... толку. За среќа, на време си ги вратив парите (му пишав дека не ми стигнало), а по недела или две, продавачот беше баниран од ebay.

Треба да знаеш да препознаеш. Ако нешто ти изгледа дека е "too good to be true" (многу поевтино во однос на истата работа кај нас, особено ако станува збор за некој уред за масовна потрошувачка, како што е телевизор, телефон или нешто слично), да, најверојатно станува збор за scam.

Ќе научиш по некое време ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Богами се учи имало случаеви и роба скроз да ти утнат дури еднаш мислам Z31GH беше кога постираше дека место VHF му донеле UHF станичка и мене многу пати за сешто ме имаат зезнато али добро е што парите си ги вратив многу луѓе знам измамени за се и сешто Гига таа бугарската верзија веќе не постои ми ја даде еден компјутерџија што имаше сервис во Скопје но ја повлекоа бугарите нивна доработка некоја била се исто беше само на бугарски инаку и јас го користам eset smart security најдобри се ESET Endpoint 5, функционира ESET PureFix-от, за ESET Endpoint 6 има еден нов Fix (Hacktivator) и мора да го подигнеш во Safe Mode баш така Endpoint 5 им ја инсталирам на сите и јас ја користам
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Многу внимателно кога нарачувате од Кина. Јас нарачав 2 bluetooth далечинска за камерата на телефонот, но наместо нив ми стигнаа далечинска кои комуницираат преку bluetooth добив далечинска кои воспоставуваа контакт со помош на TDMF тонови. Често се случуваше грешки во командите...
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мислам дека мислиш на DTMF (Dual Tone Multiple Frequencies) ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Барајте продавачи лои имаат барем 10-тина купивачи и кои се во бизнис барем 5-6 месеци....

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас купувам од оние што имаат барем 1000 или 2000 sales. Најсигурно е. Но... да бидам искрен, ако го нема некој друг производот што го барам, сум купувал и некои со 100 или нешто над 100 sales. За feedback-от... не игра некоја голема улога кај Кинезите... не мислам баш буквално дека не игра, ама се што е над 97% е ОК ;).