Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 262264 times)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Во ред,благодарам за инфото...бидејќи одамна се думав да порачувам или не од таму.
Фала уште еднаш
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #451 on 28.01.2015, Wednesday, 18:56:34 (Edited 17.07.2017, Monday, 20:04:51) »
Денес ми стигна ова инструментче

Го порачав од ebay, и долго време чекав да стигне, скоро два месеци.
Горниот ред е волтметар, а долниот е амперметар.
Се напојува со еднонасочен напон од 3,5 до 28 волти.
Може да го мери истиот напон со кој што се напојува.
Може да мери напон од 0 до 33V и стуја од 0 до 3A.
Жан

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Дали можеш да ми кажеш со која резолуција мери струи под 1А, дали е во формат 999,9mA или 999mA или нешто друго, па после префрла на 1,000А...?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Оди до 999,9mA па после 1,000A
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Дали за амперметарот ти треба надворешен шант, или истиот е вграден на самата плоча?
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Оди до 999,9mA па после 1,000A

Фала многу, тоа ме интересираше, токму тоа ми треба за едно напојување кое дава помалце од ампер.
Ако може уште и линк од каде ги зема... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Јас вакво нешто имам од тука нарачано
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/131280529697?_trksid=p2059210.m2749.l2649&ssPageName=STRK%3AMEBIDX%3AIT
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
И јас имам нарачувано такви, ама ова од Жан има една цифра повеќе... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Дали за амперметарот ти треба надворешен шант, или истиот е вграден на самата плоча?

Има вградено шант.

Ако може уште и линк од каде ги зема...

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/DC-0-33V-1A-3A-Dual-Color-LED-Display-Digital-Voltmeter-Ammeter-Panel-Gauge-HFAU-/390727775124?pt=AU_Gadgets&var=660192241433&hash=item5af930b394
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #459 on 08.09.2016, Thursday, 04:40:32 (Edited 08.09.2016, Thursday, 05:02:31) »
Не знам колку сте информирани, но последниве две недели има проблеми со нарачките од ebay ако плаќате преку PayPal (најчесто, продавачите не ни прифаќаат друг начин на плаќање, така да, ако купувате од ebay, најверојатно плаќате преку PayPal). Проблемот е имплементацијата на новиот сајт на PayPal и некои промени на сајтот на ebay и не може да направите checkout. Конкретно на мене ми јавува "Error: 70205" и не сака да направи checkout.

Нешто пребарував деновиве и најдов решение за проблемот ;). Така да, сите кои имате сличен проблем, следете внимателно ;).

Истиот ebay account ви е на било кој од ebay сајтовите (за различни држави, Германија, Јапонија, Кина, итн.), така да, од кој сајт и да се логирате, секогаш ви го отвора истиот account. Кај мене финтата профункционира со два од различните ebay сајтови: ebay.com.au (Австралискиот) и ebay.at (Австрискиот).

Е сега, како оди процедурата.

1) Класично, си се логирате на ebay.com.

2) Си избирате што сакате да купите.

3) Се логирате на ebay.com.au (ви го отвора вашиот account).

4) Истиот произод го барате на ebay.com.au.

5) Стискате Buy it now, потоа Commit to pay, и на крај Pay now, по што пак ќе ви го даде "Error: 70205" (или некој сличен), но сега веќе item-от ви стои во Unpaid items на ebay.com. Кликнете на My ebay --> Summary на ebay.com и ќе видите дека е така ;).

6) Се логирате на ebay.at.

7) Кликате на My ebay --> Summary. Не знам како беше на Австриски/Германски, но јас веќе на памет го знам распоредот на мениата ;D. Ако не се снаоѓате, споредете со мениата на ebay.com, ист е распоредот ;). Ќе ви го јави во Unpaid items и потоа кликате на Pay (големото сино коче десно од описот на производот) и ќе ве однесе на старата страна за плаќање преку PayPal на ebay (најверојатно уште не е имплементирана новата верзија на Австрискиот ebay) и потоа... се си оди класично, како што порано си беше ;).

Мене ми успеа со овие два сајта. Сигурно има и други или ако престане да функционира на еден, преминувате на друг, итн. Инаку, првично финтата ми профункционира на ebay.com.au (без да се логирам на ebay.at), но не знам зошто, потоа само сакаше да ми го додаде на листа на неплатени производи, а не и да платам за него (почна ми го јавува истиот error), па ми текна да пробам преку некој друг ebay сајт и... профункционира ;D.

Инаку, финтава сигурно функционира и само преку ebay.at, ама ем не знам Австриски/Германски, ем не знам зошто, истите items кои ги има на ebay.com, на ebay.at или ги нема или се поскапи :(. На ebay.com.au ги има буквално истите и се иста цена, само изразена во Австралиски долари, а не во USD ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #460 on 08.09.2016, Thursday, 10:07:45 (Edited 08.09.2016, Thursday, 10:10:43) »
Хм, сега баш нарачував некои работи, немаше никаков проблем со плаќањето, едино што приметив поразлично е дека оди доста побрзо, нема толку кликање како претходно...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Проблемот не е до ebay, туку до Pay-pal, тој не ви ја дозволува нарачката да се плати, затоа што како што сите знаеме преку друга држава оди, најновиот метод на пејпал да го спречи ова е да се верифицира државата, ако имате преку друга држава ќе вади проблем затоа што ќе ја смета нарачката како сумлива и ќе ја одбие, тогаш ибеј не може да си наплати :(

преку мобилната верзија на ebay може сеуште да се плаќа и нарачува :P
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не мислам дека е до тоа проблемот (различни држави). Се јавуваат корисници кои викаат и дека не може bid да направат. Мислам дека општо, има некој проблем со PayPal и ebay интерфејсот и дека едноставно, сега за сега, работите ќе бидат вакви дур не се оправи проблемот.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Утрово штотуку ми одговорија на community форумот од ибеј, викаат дека е до пеј пал.
А од она јас што читав има решение, треба да се јавиш во пејпал да најдеш некој да те банира и одбанира од пејпал, со тоа се ресетира профилот, така ќе може да си терате уште некое време, а овај проблем го имаат уште од 2014-2015, не мислам дека во скоро време ќе го решат.

Code: [Select]
http://community.ebay.com/t5/Member-To-Member-Support/Purchase-checkout-Error-Code-70205/qaq-p/25973791/comment-id/723430#M723430
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, проблемот постои веќе некое време бидејќи јас читав post-ови на ebay од 2014-та, 2015-та, но конкретно проблемот со огромен пад на нарачки и луѓе кои не може да купуваат од ebay преку PayPal го има последниве две недели. Баш читав по форуми и на ebay community forum-от, во некои делови од Америка воопшто не ја ни отвора страната на PayPal. Значи, проблемот најверојатно е кај PayPal... ако не сосема, барем поголем дел.

А инаку, јас си го најдов решението ;). Кој не сака да се замара со јавување на PayPal или ebay, слободно нека прочита неколку post-ови погоре ;). Дур ми функционира вака, одлично ;). Кога ќе престане да функционира, тогаш ќе му ја мислам ;D.