Колега еден има земено нешто слично на ова од кај Кинезиве.
Баш го пробав. За одлемување се корисни, особено за LED диоди (малине индикациони се упропастуваат прилично брзо со класичен леткум, а и со дувалка). За лемење повторно назад, и за тоа се прилично добри.
Проблемот е што се корисни само за компоненти со два изводи... евентуално 3 изводи, но ќе треба пак да „маневрираш“ нив. Се останато, се знае, се одлемува со дувалка или комбинација од pre-heater и дувалка.
Ако работиш профи сервисирање или правиш дизајни, особено со голем број на компоненти со 2 изводи, да, корисно е. Ако ти треба само од време на време, на пример еднаш или два пати во година... јас лично, не би го нарачувал.