Тешка глупост би била ако ги запрат испораките, вирусот не може да живее подолго од неколку дена на пратките, додека да стигнат кај нас поминува и повеќе од месец дена.
Колку што знам, ниеден вирус не живее подолго од минута, две во воздухот. Тоа не е негова нормална околина за развивање, му треба домаќин (host). Вирус е „нецелосно“ жив организам. Не може да живее без домаќин. Има само РНК, не ДНК. За да живее, му треба останатата половина, која си ја „склопува“ од домаќинот.
Пратките што се во транзит ќе стигнат и ќе ги разнесат поштарите, но во наредниот период привремено нема да има шипинг од Кина.
Поради ширењето на Корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина.
Извор:
https://www.posta.com.mk/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b8%d1%80%d1%83%d1%81/
Ова е жива глупост и не знам кој со здрав ум воспоставил ваква мерка. Освен ако не се во прашање прехранбени производи (кои, се разбира, се прават од живи организми - животни и плодови), ниеден вирус нема да преживее, колку сака нека е добро спакувана пратката, дури и херметички нека е затворена, пак на крајот остранува фактот дека околу него е воздух или вакуум, едно од овие две, не жива материја и не може да живее, да се размножува и пренесува.
Наместо да се концентрираат на преносот на патници и прехранбени производи, се фатија за пратките
. Типично за политичари кои појма немаат од билогија, хемија или било какви технички и/или природни науки... као демек да ја смират јавноста и за да не падне случајно некоја ризична пратка на контото на името на нивната авио-компанија... PR is such bull*hit
.
Инаку, колку долги да ги пуштам (DIY) каблите за мерење на капацитет? Колку што знам што пократко, тоа подобро.
Ако планираш да мериш само off-board, до 10-тина сантима со крокодил штипки на краевите. Ако сакаш да мериш и on-board, немаш баш некоја опција, мораш да користиш класични сонди, при што грешката ќе биде мала за поголеми вредности, но не и за многу мали (од 10-тина nF па нагоре, грешката е занемарливо мала).