Многу од ефтините компоненти (отпорници, диоди, кондензатори) кои ги продаваат по ebay/aliexpress се со иста или многу слична цена и кај "реномираните" продавачи како digikey, mouser, farnell и слични. Македонија е многу проблематична за набавка на компоненти од специјализирани компании, често голема поштарина, царините се огромни, доколку се работи со fedex, dxl и слични се ставаат смешни суми за шпедитерски услуги. Доколку пратката се погоди кај експерт во веење знамиња се царинат пратки кои не подлежат на царина итн, итн.
Со поскапите компоненти не се исплати да се коцкаш, си купил 10 транзистори за 10$ излегува евтино еден транзистор 1$, кога од 10 само 2 работат излегува дека се по 5$. Скоро никој од продавачите не прифаќа поплаки на користени компоненти, си го залемил на плочата, можеби ти си го расипал. Расправај се по интернет дека не е така, времето изгубено можеби и муштерија се плус.
Кај специјализираните продавачи на ebay/aliexpress шансите се помали да се случи такво нешто, имаат реноме за чување.
Кај нив полесно се гледа feedbacк , и глобалниот feedback е индикатор бидејки е за електронски компоненти.
Малку поскапи компоненти е многу подобро и поисплатливо од лотарија, најефтините компоненти иако се "исправни" може да не работат во некој уред.
Последните неколку порачки кои ги направив, вкупната цена на компоненти по порачка ми беше поефтина кај mouser отколку од ebay/aliexpress. Mouser и digikey нудат бесплатна испорака над 50€, незнам дали тоа важи и за Македонија.
Само моето мислење и искуство.
Последните коментари се многу надвор од темата, подобро да се преместат во соодветната тема, да не ја гушиме оваа.