Значи со малечките ќе можат да се лепат LED плочките што се на 220v на хладњаците од кулери.
Ќе може и со големата туба, не е проблем, нема некоја голема разлика во начинот на кој стега/лепи
.
Претпоставувам дека треба да се нанесе тенко како термална паста и да се залепи за хладњакот, но дали треба дополнително да се додаде лепак и по целиот круг од LED плочката за да зафати уште повеќе?
Да, ставаш како за термална паста... можеби нешто повеќе во однос на тоа колку би ставил термална паста (јас обично повеќе ставам термална паста, општо, така да, за мене дојде скоро исто како да ставам термална паста
). Ставаш на едната или на другата површина, исто како кога ставаш термална паста на процесор. Ги стегаш двете површини (пожелно е да ставиш нешто така, малку тешко врз нив, јас ставив дебела книга со картонски корици
) и оставаш лепакот да се исуши... тоа е тоа
. За еден час, од прилика, веќе е скоро сув. Сосема стврднат е за 24 часа, но веќе по 2, 3 часа, може слободно да ракуваш со уредот, нема да се одлепи
. Само е малку помек лепакот во однос на тоа каков ќе биде за 24 часа, единствена разлика е таа
(по гумен е, за 24 часа ќе стане како тврда гума
).
Гига, а другиот? Да не е онај како цименто што се прави, рапав?
Не, скоро ист е како овој од малечкиве туби... можеби нешто потврд да се прави, но не е рапав. Време на сушење и на двата е скоро исто. По еден час веќе може а ја тргнеш книгата
, по 2, 3 часа, слободно ракувај со предметите кои си ги лепел
.
Кај ледот битно е баш на чипот да има, и тоа да нема воздух, за околу мање битно. Од како ќе го нанесиш добро е да има рамномерен притисак по цела лед плочка (cob), на пример да ставиш трафо озгора а измеѓу крпче на 2-3 паи. Не мора да има кој знае колку тежина, битно е да не прима воздух, тоа приметив, да немаш "hot spots".
Да да, ова е особено важно за COB чипот
. Ако изгори една, не работи ниедна
.
Инаку инсомполош лепак нема гајле ( поксипол ).
И со суперлепак имам лепено за northbridge/southbridge ладилни тела, ама... не би ризикувал така да терам со LED осветлување
.