Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261230 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Па... не е дека стигаат баш секој месец... јас сум член на ebay од 2008-ма, па еве, прв пат сега ми стигна купон :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Да, да, разбрав, но ретко гледам пораки освен кога имам некоја преписка со некој продавач.
Инаку и на алиекспрес има купони кои терба да ги ловиш пред или за време на некои големи разпродажби, но системот им е малку каша попара во врска со ловот на купоните, или пак јас не сум го доволно апсолвирал истиот. :D



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Искрен да бидам, не се замарам премногу со купони... и онака работите се прилично евтини. Јас лично барем, не гледам поента да бркам купон со 5, 10% попуст. Не дека не сакам да заштедам, туку... ме нервира тоа што треба да чекам, па да се погоди времето, па дали ќе го прифати купонот... пробав кога ми стигна, не функционираше и искрено, најверојатно ако ми стигне во иднина, нема ни да пробам да го искористам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ја не ги ни читам тие пораките од ибеј, под дифолт идат у канта, кој знае колку купони сум пропуштил. хаха... 8)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Малку доцнам со одговоров, јас купонот го забележав вечерта кога пишав тука а утредента купонот го снема што е работата незнам исто така и еден другар го доби истиот купон па му исчезна :/

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имаат ограничено времетраење... но не ми е јасно како исчезнала пораката од eBay во која го пишувала кодот на купонот ???... од друга страна пак, они сигурно имаат пристап до базите на сите корисници, па ако бил пратен некој купон по грешка, најверојатно го избришале од пораки на сите корисници на кои бил пратен купонот ::)... иако поедноставно би било едноставно да го оневозможиш купонот и да пратиш порака кон сите корисници кои ја добиле порака дека купонот бил пратен по грешка и не важи ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #786 on 31.07.2019, Wednesday, 23:35:25 (Edited 01.08.2019, Thursday, 01:23:54) »
1. Тие како сонди помислив дека директно може да се адапатираат за сондите од мултиметар, но не испадна така ќе треба да залемам жички па најверојатно "банана" конектор, ќе се најдат за нешто.
2. 30A 14.8V BMS за балансирање при полнење на 4 литиумски батерии во серија, имам една батериска бормашина којашто моментално ја користам на акумулатор 12В бидејќи батеријата NI-CD е расипана па да пробам да ја конвертирам со литиумски :)
3. Регулатор на наизменичен напон.
4. OBD Scanner за компјутер од кола и сл.
5. За мерење на капацитивноста на литиумска батерија.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
1. Тие како сонди помислив дека директно може да се адапатираат за сондите од мултиметар, но не испадна така ќе треба да залемам жички па најверојатно "банана" конектор, ќе се најдат за нешто.

И јас вакви имам купено (или некој ми ги даде :P, не ми текнува :D)... директно ги лемев, не знам зошто би имало потреба од адаптери и конектори ???. Цвикаш класичните сонди и ги додаваш овие, крај на приказна ;).

2. 30A 14.8V BMS за балансирање при полнење на 4 литиумски батерии во серија, имам една батериска бормашина којашто моментално ја користам на акумулатор 12В бидејќи батеријата NI-CD е расипана па да пробам да ја конвертирам со литиумски :)

Вакви и јас нарачав и ми стигнаа, ама сеуште ги немам искористено. Ако завршиш со преправката пред мене, пиши како се имаат покажано ;).

3. Регулатор на наизменичен напон.

Вакви 5 имав нарачано, сега уште 5 (чекам да стигнат :)). Претходните ги поделив по колеги и пријатели :P :D. Супер се, до 2KW одат и никој се нема пожалено од нив ;). Повеќето беа искористени за контрола на бормашини, брусалки, итн. ;).

4. OBD Scanner за компјутер од кола и сл.

Се канам не знам колку време ова да го нарачам, ама никако да ми текне :D. Добро, ќе имам на памет, нареден пат кога ќе нарачувам, темава да ја проверам ;).

5. За мерење на капацитивноста на литиумска батерија.

Нарачав едни многу помали, само со 4 LED диоди. Сеуште ги немам пробано. Која цена се овие?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Јас имам купено неколку различни obd2  безжични конектори(за на телефон/таблет)ниеден не функционира како што треба (најголем проблем им е поврзувањето и стабилноста). Можностите кои ги нудат тие конектори кои се поврзуваат преку апликација за телефон  се смешни. Според мене тоа е играчка а не алат, играчка која може да кошта многу, доколку се дисконектира(нешто многу често) додека се менува нешто во  ECU на автомобилот.
Имам еден obd2 +k-kan (не сум го пробал на друго возило освен BMW ) се поврзува преку usb (не безжично) само тој функционира како што треба, можностите зависат од софтверот на компјутерот со кој е поврзан.
Доколку би купувал безжичен  obd2  конектор/адаптер би земал цел уред а не само конвертор од obd2 на Bluetooth/wifi.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хммм... добра рецензија... ќе го имам и ова на памет кога ќе нарачувам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Да повеќе како играчка е ОБД скенерот 3.53$. Го купив затоа што имам еден форд ескорт 96год бензин не пали, го чепкам од време на време па измеѓу го нарачав уредов со надеж дека ќе прочита нешто :). Пробав да го поврзам не успеа да се конектира со ECU-то, дали дека е стар компјутерот или пак расипан  :-\, или пак треба да се поврзе со запалена кола затоа што е стара незнам :)
Пробан е на алфа ромео 1.9тд и нисан алмера 1.5тд, работи ок, се поврзува е сега на шал таблата на нисанот свети дека воздушното перниче е неисправно но на скенерот не излегоа faulty codes, пробано со секакви апликации, кракувани, пиратски ПРО верзии.
По вадењето на уредот забележав дека загрева така да тие што сакаат нон стоп да им стои приклучен за да го монитираат возилото додека возат овој уред не би го препорачал.

Discharger-от за мерење на капацитивноста на литиумска батерија со 2 керамички отпорника го нарачав за 3.24$.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Хммм... добра рецензија... ќе го имам и ова на памет кога ќе нарачувам ;).
бош се добри (и скапи), а софтверот е околу 2к ... пиратскиот софтвер/мобилните  е како да си пошол на гатачка.
 Mkdsime
клај му свеж бензин, ако е стоен над 5 месеси нема да запали. Провери дали има искри и дали грла дизната бензин, визуелно,. предпоставуам е со 1-4 дизни,  или инџектори. ВО секој случај во цревото за бензин треба да има притисок, ако имаш барметар измери, на филтерот треба да пише колку е. провери ја пумпата. Ако е со амбуратор (карбуратор) пак видидали прска бензин.
Ако не фрла искри, сензор на радилица, бобина ецу . Сензорот е уствари халов давач, па моќе да се провери. Провери свеќивите во каква кондиција се ако има искра.
проверипрво дали иде напон до ецу-то, т.е.на џекот. прсни му малу ве-де-40, контакт спреј....
Пробај симни делфин, се дешава да погоди.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Моја препорака, не си го троши времето и не се базирај на тие сензори.
Скенер се купува според потребата/намената и според брендот/групацијата.
Универзалните тестери не ги даваат сите опции на возилото, ги даваат универзалните за сите возила а не и специфичните. Дури и уредите како што се Bosch kts кој кошта €2к+  не ги покажуваат сите можности или неможеш да ги менуваш.
Можно e иако конекторот е obd2 протоколот кој го поддржува адаптерот што го имаш да не е исти со протоколот на  ECU во фордот
Code: [Select]
http://www.obdtester.com/obd2_protocolsНајчесто треба само контакт за да се поврза  OBD2 со ECU, не треба да работи моторот.
За да пробаме да дијагностицираме зошто не се поврзува OBD2   со ECU и зошто возилото не стартува треба повеке информации.
Прво провери дали имаш на конекторот 12 v би требали да се пин 4-gnd  и пин 16 12в кога имаш дадено контакт. Доколку се конектира со ECU незнам колку би ти помогнало тоа да го стартуваш фордот.
Мислам за повеќе разговор околу стартување на фордот треба да отвориш друга тема., освен ако не си го порачал и него од  aliexpress.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Ќе проверам се што напишавте, фала за советите информациите и препораките.
bicikle А каков за што е тој делфин?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #794 on 01.08.2019, Thursday, 23:51:00 (Edited 02.08.2019, Friday, 00:25:52) »
грешна тема....
Програм за дијагностика, е сега дали имаше и некој уред со него, или беше за сите блутут, појма немам, одмна го имам работено, битно беше да се синхронизираат лаптопот и обд-то, нешто апдејт имаше опција имаше, демек лаптопот да го апдејтираш со „драјверот“ за обд-то, кој го има секој конектор во себе, нешто как драјвер ли е, како сериски појма неам, битно работеше солидно, но ги мешаше поимите, на пример кај бензинец може да ти рече греачот не ти чини, или ламбда сонда да ти ја презентира како сензор за абс....
Делфи било, не делфин  :)
Дали имаше и хардвер за со него или беше адаптилно, не се сеќавам, ама знам дека бааѓи го користеа.
Е сега грешките беа константни т.е. секогаш за тој и тој модел сензорот ќе го нарече свеќица, и ќе си запишип за полесно снаоѓање.
ова со некој 5 парачки обд парче ги праеше колите, т.е. кај што не „фаќаше“ бошот, со ова цепавме, ама хардверот ич не ми текина каков беше, помнам дека беше на усб и на некое лаптопче со усб кабел.
Генерално ти треба скапа опрема, ама чат-пат се наоѓа по некој хак, зависи за што, сега со овие петпарачкие не можеш ремап да прајш, ама тајминг на палење мојш да наштелаш, да исклучиш сонда, дпф...