Иначе Гига, зошто не би инсталирал?....освен од причина што ко ќе ми е досадно, скролам на ибеј и трошам многу пари, остатокот е во ред xD
Ај замисли да го изгубиш телефонот, а да не си во можност во брзо време да смениш password на ebay и PayPal... или да не го знаеш на памет, да го имаш некаде запишано, арно ама, поради X причини, не си во можност да го прочиташ за да можеш да го смениш (на пример, на одмор си, ти бил запишан во лаптоп или во PC, а не носиш ниедно од нив на одмор). Или пак, ајде, еве, си знаеш mail адресата, па ајде да ти пратат код за ресетирање на password, па тинтири минтири... ехееее, дур ти смениш, оној кој ќе го најде може парче да направи со него. Може, од чиста мира, онака (од досада што се вика), да ти истроши се од парите на картичката. Дури и да не нарачува на своја адреса, дури и се да нарача на твоја адреса, може секакви глупости да нарача... прашањето е, дали тој што го нашол телефонот ќе го направи тоа. Јас не би ризикувал да дознаам, не знам за тебе.