Не знам колку сте информирани, но последниве две недели има проблеми со нарачките од ebay ако плаќате преку PayPal (најчесто, продавачите не ни прифаќаат друг начин на плаќање, така да, ако купувате од ebay, најверојатно плаќате преку PayPal). Проблемот е имплементацијата на новиот сајт на PayPal и некои промени на сајтот на ebay и не може да направите checkout. Конкретно на мене ми јавува "Error: 70205" и не сака да направи checkout.
Нешто пребарував деновиве и најдов решение за проблемот
. Така да, сите кои имате сличен проблем, следете внимателно
.
Истиот ebay account ви е на било кој од ebay сајтовите (за различни држави, Германија, Јапонија, Кина, итн.), така да, од кој сајт и да се логирате, секогаш ви го отвора истиот account. Кај мене финтата профункционира со два од различните ebay сајтови: ebay.com.au (Австралискиот) и ebay.at (Австрискиот).
Е сега, како оди процедурата.
1) Класично, си се логирате на ebay.com.
2) Си избирате што сакате да купите.
3) Се логирате на ebay.com.au (ви го отвора вашиот account).
4) Истиот произод го барате на ebay.com.au.
5) Стискате Buy it now, потоа Commit to pay, и на крај Pay now, по што пак ќе ви го даде "Error: 70205" (или некој сличен), но сега веќе item-от ви стои во Unpaid items на ebay.com. Кликнете на My ebay --> Summary на ebay.com и ќе видите дека е така
.
6) Се логирате на ebay.at.
7) Кликате на My ebay --> Summary. Не знам како беше на Австриски/Германски, но јас веќе на памет го знам распоредот на мениата
. Ако не се снаоѓате, споредете со мениата на ebay.com, ист е распоредот
. Ќе ви го јави во Unpaid items и потоа кликате на Pay (големото сино коче десно од описот на производот) и ќе ве однесе на старата страна за плаќање преку PayPal на ebay (најверојатно уште не е имплементирана новата верзија на Австрискиот ebay) и потоа... се си оди класично, како што порано си беше
.
Мене ми успеа со овие два сајта. Сигурно има и други или ако престане да функционира на еден, преминувате на друг, итн. Инаку, првично финтата ми профункционира на ebay.com.au (без да се логирам на ebay.at), но не знам зошто, потоа само сакаше да ми го додаде на листа на неплатени производи, а не и да платам за него (почна ми го јавува истиот error), па ми текна да пробам преку некој друг ebay сајт и... профункционира
.
Инаку, финтава сигурно функционира и само преку ebay.at, ама ем не знам Австриски/Германски, ем не знам зошто, истите items кои ги има на ebay.com, на ebay.at или ги нема или се поскапи
. На ebay.com.au ги има буквално истите и се иста цена, само изразена во Австралиски долари, а не во USD
.