јас имам од шпаркасе, мојата ја извадив за 10 дена, од пополнување на формулари за трансакциона се до добивање на картичка 10 дена и плус 3 дена за отворање на онлајн сметка преку која си гледам трансакциите, не мора да одам во банка за да добијам извештај
си отворам на нет и си гледам каде колку пари се префрлени, кога се префрлени и по кој курс се префрлен. Шпаркасе нуди 2 вида на ваква онлајн услуга едната се плаќа едната е за џабе, таа што се плаќа има дополнителни опции од каде што можете преку неа и да префрлувате пари, ама тоа не ви треба
ако уплаќаш повеќе од 10.000 денари, или ако заработиш повеќе од 10.000 денари треба да ги пријавиш во УЈП, без разлика дали секојдневно добиваш по толку или 1 годишно
од шпаркасе земаат пари само за трансакција, ако вадиш од друг автомат, и ако плаќаш во продавница која не поддржува нивни картички (па да треба преку друга банка да се врши трансакција)
јас колку што забележав не земаат провизија за на интернет, и да земаат тоа би било нешто минимално (2-3 денари)