Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 262096 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #420 on 15.03.2014, Saturday, 03:41:47 (Edited 15.03.2014, Saturday, 03:58:22) »
Еве мене денес што ми стигна од ebay, PSU тестер ;). Го има да се купи и кај нас, ама искрено, страв ми е прашам колку чини ;D. Само знам дека цел „као демек“ комплет за сервисирање на PC-иња Gembird (има во него некои Кинески шрафцигерчиња, некои додатни алатки и тестеров) во Anhoch чини 3500 ;D.





Лани беа доста поскапи, околу 20 долари мислам дека беа, сега ептен им паднала цената, овој мислам дека го платив околу 7 долари ;).

Бидејќи сите знаеме како се внатре изведени овие Кинескиве уредчиња ;D, прво го отворив и прелемив, па потоа пак го склопив ;). Морам да признаам дека ме изненади тоа што користеле некој ефтин флукс при лемењето ;D. Воопшто не очекував дека ќе начекам флукс во него ;D.

Еве како изгледаше пред преправката.





А еве како изгледаше по преправката ;).







Можеби не се гледа убаво на сликите, ама прелемувани се скоро сите лемови, освен оние на SMD компонентите, тие немав нерви да ги прелемувам ;D. Освен тоа, и не изгледаа баш така лошо ;D. Отпорникот за оптеретување (некои напојувања не палат ако забележат дека нешто не влече струја од нив ;)) не грее премногу, што значи дека моќноста не му е поддимензионирана, па затоа не го ни сменив ;).

Околу прецизноста, релативно прецизен е, освен 12V-ниот rail кој покажува за нијанса понизок напон. Мерено со волтметар, јавува околу 11.83, 11.84V, а со тестеров покажува 11.7V, но ова не е толку проблематично ;). На напојувањата кои имаат подуени кондензатори, најчесто им варира излезниот напон на скоро сите rail-ови, особено на 12V-ниот rail, а тоа лесно ќе се забележи (цифрите ќе шетаат).

LED диодите за 3.3, 5 и 12V-ниот rail светат, но само ако е приклучен SATA конекторот, не и ако се приклучени главните напојувачки Molex конектори, што и не е баш практично, но тоа е што е ;D. Можев и тоа да го преправам, ама нема потеба, тестерот си има волтметри кои ги јавуваат напоните на Molex конекторите, така да, не е проблем, веднаш се гледа дали фали некој напон ;).

Тестерот титка ако не го приклучите 4 пинскиот 12V-ен додатен Molex конектор ;D бидејќи тој напон го мери засебно. Кај некои поскапи напојувања, овој rail е изведен засебно од стандардниот 12V-ен rail на 20/24 пинскиот Molex конектор, но ова е толку ретка ситуација, кај нас ретко кој има такви напојувања, повеќето се класични Кинески ѓубренца ;D, така да, мислам дека ова не им требало ;D. Подобро да се концентрирале на прецизноста на инструментот отколку на оваа ситница ;). А инаку, без проблем работи и со 20 пински и со 24 пински напојувања ;).

Уште една напомена, ако некој планира да купува ваков тестер. На тестерот е означено каде треба да се приклучи 4 пинскиот конектор за 12V-ниот rail, ама се фаќа и на конекторот до него, каде што е 6 пинскиот конектор за напојување на графички картички. Немојте случајно да сте згрешиле и да го врзете 4 пинскиот конектор на тоа место. Јас за малку ќе се зезнев, ама среќа забележав на време дека сум згрешил ;) ;D. Распоредот на напонските пинови на тој конектор е обратен од оној на 4 пинскиот, па ако го врзете така, ќе го краткоспоите 12V-ниот rail со маса, а тогаш... кој знае што ќе се случи ;D. Така да, проверете два пати пред да врзете ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Дечки нарачката од Tayda Electronics сеуште не ми е пристигнала, а поминаа 11 дена откако е пратена.

Дали да чекам уште или да и пишувам email на овие од Tayda Electronics?

Еве што резултат ми дава за Tracking Number RR081270875TH


Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
почекај некој ден, иако мене скоро во рок од 10 дена секогаш ми стигале
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
не ми е јасно зошто царина? Демек во мк се произведуваат полупроводници па ќе штитиме производство или,.. ?

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
кај мене дури по еден месец стигнаја, немај гајле

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
не ми е јасно зошто царина? Демек во мк се произведуваат полупроводници па ќе штитиме производство или,.. ?

Така е според царински закон. Се се царини, ни телевизори ни монитори не произведуваме, па се царинат.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Царински закон што важи само во нашава држава, да не ти извадам белешката од иподот што ми го царинеа, мислам дека кој сакал си пишал царина колку сака. Прво беше царина на вредноста на иподот, бесе некаде 20 посто, потоа следуваше ддв на сетоа тоа, па потоа повторно царина на сето тоа заедно и плус наплатено е ливчето на кое е пишувано за кое колку е царината и тоа неверојатн 50 денари, мислиш од злато е правено. Државава е, што викаше Сашко, “од шупље во пеазно“ :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Секаде се се царини... само што државјаните на други дружави може да си го дозволат тоа бидејќи имаат повисок стандард... ние, за жал, не можеме. А тоа дека често работите се царинат „на шашма“, тоа било и ќе биде, не се чудете. Ако можете, ескивирајте како знаете и умеете, ако не можете, ќе си платите и тоа е тоа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #428 on 22.05.2014, Thursday, 09:33:02 (Edited 22.05.2014, Thursday, 12:19:03) »
Да во ред, може царинењето е секаде исто, ама во други држави електрониката која ја нарачуваш како бесплатни примероци не ти ја царинат, а кај нас ти ја царина на шашма, после во ниедна друга држава дозволен лимит за внесивуање не е БЕДНИ 25 евра :(

EDIT: и плус згора на се, кога ќе видиш дека не оди и ќе си речеш ајде ќе пробам секое делче посебно да ми го праќаат и тоа не е во ред. Ќе ти се јават од царина и ќе ти кажат дека премногу делови внесуваш во државава фирма ли имаш, што работиш. Или прашања на цариникот од типот: Што ќе ти се? Ај и мене бе нарачај ми чим тебе ти дале безпари.  :) и некои си слични, и на крај кога мислиш дека си го убедил дека немаш фирма, работиш за себе, дека деловите нема да ги продаваш и дека нема да правиш профит од тоа, он така смешкајќи се ти кажува за делчево треба да си земеш шпедитор и да ти го оцарини тоа се, и ти го прашуваш а колку чини сето тоа, па одприлика 50 евра. Што ти останува добро чао пријатно. 50 евра ти бара за царина, а делчето кај нас кошта 100 денари, еве се работеше за грецови ќе кажам да се знае. Значи имав 5 греца сега незнам колку точно чинеа, ама не надминуваа 50 евра :)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Нарачката од Tayda Electronics ми стигна во петокот (30.05.2014), 22 дена по праќањето :)...

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Дали некој знае, дали се пракја казна за пратка која е дојдена за цариненје а не е подигната и царинета после рокот од 15 дена. Доколоку се врати назад или уништи пратката.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Ако ти се јавиле и си му рекол дека не ја сакаш пратката да им ја вратат назад или да ја уништат мислам дека не се плаќа ништо освем можеби поштарина, оти последниот пат јас кога се откажав така од пратка никој ништо, после тоа посебно не се случи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Ми пратија меил од DHL, доколку сакам да ја царинам пратката што да им пратам од документи. Или да отворат постапка за враќање на пратката.
Во меилот имаше забелешка, според закон за царина, нецаринети пратки се чуваат 15 дена после тој рок се вракјаат назад, се уништуваат или се дават на државата.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ми стигна уште пред некое време, ама не ми текнало да пишам ;D.



33 парчиња secure screwdriver set ;). Ќе се најдат, се почесто ги начекувам ваквиве secure шрафчиња по уреди ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Имам и јас нешто слично вакво само со помалку.Овде сите можни клучиња патентчиња за сите штрафови ги имаш.Многу корисно нешто со здравје да си го користиш. ;) :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш