Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261837 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #360 on 16.04.2013, Tuesday, 16:51:50 (Edited 16.04.2013, Tuesday, 16:54:15) »
Значи, за да дојдеш до комплетниот текст на законот, со сите измени, треба да почнеш на назад, кон каде се референцираат по службени весници, почнувајќи од првиот па натаму, да го изменуваш текстот (apply changes) според сите наредни измени. (На почетокот на овај закон, пишува кон кои броеви на службени весници се референцираат.)

Знам, јасно ми е, јас ова го правев со царинскиот закон и сите уредби (анекси) на законот. Знам како треба ;). Се научив ;D. Но мислам дека е ова многу глупаво :S. Може едноставно да ги додадат сите промени на законот секој пат кога ќе направат некоја промена на законот, во службен весник да стои само промената, а на интернет да може да го симнеш законот во сите можни верзии, од последната верзија до првата (почетната). Вака, треба се да симнуваш и да гледаш што е додадено одземено :S. Многу време одзема :S. Не знам чива идеја било ова, ама според мене е многу глупава :S.

(Сите постари службени весници од една календарска година можат да се најдат без пари на линкот:
Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk. Се наплаќаат само службени весници од тековната календарска година.)

Знам, од овде јас и ги симнував службените весници со измените на царинскиот закон. И не знам зошто, на PDF документите до 2010 (мислам дека беше до ова година) им е забрането да копираш текст од нив ::) (затоа морав да правам screen shots ::)). Не им ја разбирам логиката. Нема ништо во документот да променам, само ми треба да ископирам текст. Исто е како да сум го прекуцал, сакам да циртирам нешто ::). Изгледа конечно им текнало дека ова е лоша политика, па подоцна ја имаат сменето (од службениот весник со промените од 2012 година, можев да копирам текст). Ама па не бивало да сменат наназад ретроспективно, да може од сите години да копирам текст :S.

А зошто па и да морам да платам за службен весник од тековната година? И ова некако не ми прави логика. Нели работата на собранието на РМ е транспарентна? Ако е транспарентна, значи секој би требало да може да ги погледне броевите на службен весник на РМ без притоа да плати за нив. Ајде, разбирам ако е во печатена форма да мора да платиш за весникот, се трошело хартија, пари, ова она... ама во електронска верзија, дури и да се од тековната година, би требало да бидат бесплатни ::). Порано, немаше начин да може да се направи службените весници да бидат бесплатни, ама сега барем, во дигиталната ера, скоро секој има барем PC.

Оние што се правници знаат кога (јас незнам), се издава прочистен текст на законот, односно текст во кој се извршени веќе сите промени (apply ALL changes), односно конечен/краен облик на текстот до датумот на издавањето на прочистениот текст.

Епа за ова зборувам јас, законот со сите updates to date ;). Е каде може да се симнат овие верзии од законите? Јас на pravo.org.mk не начекав вакви верзии од царинскиот закон (или можеби не сум барал доволно добро ???).

Q1.) Дали и за случаеви кога произлегува САМО плаќање на данок на додадена вредност, а сме ослободени од царина (односно вредност помеѓу 22 и 45 EUR), повторно мора да се ангажира шпедиција, односно постапка за целосен увоз, исто како и да кога ќе треба да се плати царина и данок?

Не сум правник, ама изгледа мора ова да се прави бидејќи станува збор за пратка која доаѓа од надвор од државата. На пример, одиш во супермаркет, купуваш леб, плаќаш ДДВ на лебот, ама на лице место си го земаш и си го носиш дома. Кога станува збор за пратка, ти може да кажеш и дека не сакаш да ја примиш пратката и дека не сакаш да платиш ДДВ за неа. Е изгледа тука „лежи зајакот“. Изгледа додека ти го наплатат ДДВ-то, мора пратката некаде да стои (хангар) и да го платиш тоа. Изгледа нема опција да платиш ДДВ при примопредавањето на пратката.

Е сега зошто баш DHL е третирана ТОЛКУ ригорозно во нашата држава, што се "анализира" до влакно, тоа не ми е јасно.

Мислам ова е вака бидејќи претставништво на DHL постои во Македонија уште од времето на бивша Југославија, па многу луѓе се сеуште навикнати да праќаат и примаат пратки исклучиво преку DHL, а ова значи дека најголем дел од пратките кои доаѓаат преку приватни пошти доаѓаат токму преку DHL. Многу пратки, големо место за сомнеж, па и пратките се „чешлаат“ подетално.

А можеби и царината се има „изгорено“ порано со некои пратки од DHL (пропуштиле нешто нелегално, не се царинело како што треба, итн.), па сега се extra careful, кој знае...
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Еве сите кои се интересираат зошто PayPal не функционира во Македонија и кога би профункционирало, исто така при крај кажуваат нешто за висина на царината:

Paypal vo Makedonija

Споено мислење: [time]17 Април 2013, 16:28:06[/time]
Мислам дека темава е за овде. Ако не е, нека ја преместат админите.
  :) ;)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #362 on 17.04.2013, Wednesday, 19:31:56 (Edited 17.04.2013, Wednesday, 21:51:18) »
Е ај нека објасни како сами да си ги пополниме декларациите ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Некој искуство со comet.bg, дали некој воопшто има нешто од таму нарачано, дали има некоја (и која е се разбира) посебна постапката со нарачката и така натака
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #364 on 21.05.2013, Tuesday, 12:04:07 (Edited 30.06.2013, Sunday, 08:36:04) »
Почитувани,

Дали знае некој со сигурност, дали се испорачуваат електронски компоненти од Бугарската фирма FARNELL во Македонија?

Code: [Select]
http:/www.farnell.com/
Ако ДА,
    Дали може повеќе детали, како се плаќа?
    Дали може само со кредитна/банкарска картичка (MasterCard, Visa, ...)?

Благодарам ондапред.

Поздрав,
mkfe.

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Прашањето што го постави mkfe, и мене ме интересира, па ако има некој искуство убаво би било да го сподели.
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #366 on 21.05.2013, Tuesday, 15:31:53 (Edited 21.05.2013, Tuesday, 17:40:33) »
Јас нарачвам преку еден другар, има трансакциона, таму ставам пари а paypal-от му влечи од таа сметка. Нарачав, ми стигна се после 3та и 4та недела :D

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #367 on 21.05.2013, Tuesday, 16:11:46 (Edited 30.06.2013, Sunday, 08:35:35) »
Јас нарачвам преку 1 другар, има трансакциона, таму ставам пари а paypal-от му влечи од таа сметка. Нарачав, ми стигна се после 3та и 4та недела :D

Директно порача(вте) online од WEB страната на FARNELL?
 
Како подеси(вте) на нивната web страна online, да се испорача "опремата" на адреса во Македонија?

Плаќањето го обавивте преку PayPal. Дали можеби знаеш дали може поинаку?

Во секој случај, благодарам за информациите.


Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Уфф, стварно не знам. Конкретно од farnell тој нешто порача, додека се друго беше од ebay. За принципот ќе го прашам дали има некоја друга опција.

Нема проблем, макар што не знам доволно, колку-толку ваљда помогнав :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
farnell колку знам не испорачува во МКД.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
ај деновиве ќе зборувам, ќе ве известам :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве што ми стигна денес од ebay ;). Комплет од 10 врвови за леткумите од Кинеските лемни станици ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Што пари ги нарача и ако може линк да ставиш од нив

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве линк ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/Durable-10-x-Solder-Iron-tip-tips-Kit-Fit-For-Soldering-Sation-/360685106901?pt=LH_DefaultDomain_0&hash=item53fa81f6d5
Сега гледам малку поевтини се, 7 долари, јас ги купив 7.7 долари ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Ако сакате да нарачате има некој попуст од TI на Stellaris® LM4F120 LaunchPad

од 12$ намален е на 7,99$, мислам дека се исплаќа, добивате дебагер, со ARM микроконтролер, искористете ја шансата
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!