Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 261521 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Пред 2 дена нарачав од
Code: [Select]
dealextreme.com, и ме интересираше за колку дена да се надевам да ја добијам. Знам дека повеќе време им треба да пратат.
Како кога, некогаш стига за 15-20 дена, некогаш после 2 месеци :D

на деал екстрим може да се плаќа без пејпал така ? само со мастеркард или виза

да може и без pay-pal
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве што ми стигна денес од ebay ;). Инфрацрвен термометар (пирометар) ;).













"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Со здравје да си го користиш ;) :), за колку време стигна, а може и да ставиш линк од кај го нарача...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со здравје да си го користиш ;) :), за колку време стигна, а може и да ставиш линк од кај го нарача...

Благоадарам ;). Искрен да бидам, за прилично кратко време стигна, го нарачав пред околу три недели ;). Ама најверојатно се има погодено времето на поаѓање на бродот со времето кога го нарачав, инаку, не верувам дека толку бргу ќе стигнеше ;).

Го нарачав од овој линк ;).

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/111016722471?var=410161324229&ssPageName=STRK:MEWNX:IT&_trksid=p3984.m1497.l2649
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Ghost

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 53
  • Gender: Male
Ако некој има искуство со купуење преку интернет (преку E-Bay и слично).
Дајте подетално опишете како то се работи. Односно што се треба да се напрај за да се купи нешто.
И за крај дали е то сигурно или има некој заје.....Кажувајте искуства у везе оваја тема.
Фала на евентуален одговор.
Направи нешто од електроника и потоа умри машки!?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Оваква тема веке постои,само треба малку да пребараш! И не е литературно * купуе* ,ами * купува*! Админите веројатно ке ја бришат темава!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #336 on 06.04.2013, Saturday, 17:51:48 (Edited 06.04.2013, Saturday, 20:47:57) »
Темите се споени.

Ако некој има искуство со купуење преку интернет (преку E-Bay и слично).
Дајте подетално опишете како то се работи. Односно што се треба да се напрај за да се купи нешто.
И за крај дали е то сигурно или има некој заје.....Кажувајте искуства у везе оваја тема.
Фала на евентуален одговор.

Треба да имаш Visa картичка со 16 цифри (не со 8 како оние од Комерцијална Банка) и со 3 цифрен сигурносен код на задната страна од картичката. Потоа, отвораш PayPal account од било која држава (по default, не наоѓа како Cyprus - Кипар), сите останати информации, освен државата, точно ги внесуваш (име и презиме, адреса на живеење, ако ти бара и мобилен, стави било кој, само види кој е national code и колку цифрени телефонски броеви имаат во Кипар или која и да е друга држава што си ја избрал). Секаде пишуваш си латинична поддршка, не со кирилична. Ги следиш инструкциите од овој post:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4526.msg67277#msg67277
Си правиш ebay account, податоците кои ги внесуваш се целосно исправни (адреса на живеење, телефон, држава... на ebay ја има на листа на држави Македонија, така да, не мораш да даваш fake податоци за телефонскиот број). Најпросто е ако ebay и PayPal account-от ти се врзани за иста mail адреса (од практични причини, инаку, не мора да бидат за иста mail адреса врзани). Тоа е тоа, откако ќе ја верифицираш Visa картичката на PayPal account-от, ќе можеш да купуваш online преку PayPal... општо, секаде online каде прифаќаат PayPal transactions, не само на ebay ;).

Неколку напомени и совети:

Можно е при процесот на плаќање преку PayPal, ebay од време на време да ти предложи да направиш merging на PayPal и ebay account-ите (да ги споиш). НЕ ГО КЛИКНУВАЈ MERGE КОПЧЕТО!!! Државите преку кои си регистиран на PayPal и ebay се разликуваат, па можно е од PayPal да ти го блокираат account-от.

Финтава со PayPal функционира со БИЛО КОЈА VISA КАРТИЧКА (имам пробано само со Visa Electron дебитни картички, не знам дали има некои други типови на Visa картички и дали функционира со нив), не и со Maestro и MasterCard картички. Значи, мора да биде Visa картичката.

При верификација на картичката на PayPal, PayPal земаат мала сума на пари од неа (1.5 евра), па значи дека мораш да имаш пари на неа за да може PayPal да ја верифицира картичката. Овие пари подоцна ти се враќаат на PayPal account-от, не на картичката (картичката и PayPal не се синхронизирани, така функционира финтата, всушност, на PayPal не ти јавува колку пари имаш на картичката, јавува дека имаш 0 евра на PayPal account-от, односно 1.5 евра откако PayPal ќе ти ги врати парите од верификацијата на картичката, но затоа, по потреба, кога ќе купуваш, ако PayPal забележи дека немаш пари на PayPal account-от, прави withdraw од Visa картичката и веднаш ги препраќа овие пари до PayPal account-от на продавачот... технички гледано, парите само „поминуваат“ низ PayPal account-от).

Visa картичката може да биде во денарска противвредност, не мора да биде во евра. Банката автоматски си врши конверзија на средствата во евра или долари врз база на моменталниот купопродажен девизен курс на банката.

Корисно е да имаш имаш поднесено барање до банката за online проверка на сметка (можно е да те прашаат „дали сакате да купувате online или само сакате online да ја проверувате сметката“, ќе кажеш дека сакаш само online проверка, не и да купуваш online), со ова ќе добиеш user и pass за твојата трансакциска сметка, која е врзана со Visa картичката и ќе можеш од дома (online) да проверуваш колку пари ти се одземени или додадени на сметката (практично е, да не мораш да одиш до банка и да го бараш PayPal кодот за верификација на картичката, туку ова да можеш од дома да си го направиш, а добро е и за евиденција колку и каде имаш платено).

На трансакциите преку PayPal обично им треба околу 3 дена за да ги појави на online проверката на трансакциската сметка, така да, не се паничи ако платиш, а online не ти јавува дека трансакцијата е направена (не ти се одземени пари од трансакциската сметка). Почекај околу 3 дена (3 работни дена, не ги сметај сабота и недела) и тогаш провери, ќе ја јави трансакцијата.

Повеќето продавачи на ebay сакаат да добијат Top Seller рејтинг. За Top Seller рејтингот, многу е важен feedback-от од купувачите и дали е покренат dispute од некој купувач према нив (ова им носи многу негативни поени), па никој продавач не сака купувач да покрене ebay dispute према нив (има и PayPal dispute, ова НЕМОЈ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ДА СИ ГО ПОКРЕНАЛ, можно е потоа од PayPal да те контактираат преку телефон и да дознаат дека немаш дадено правилен телефонски број, па да проверуваат и други работи, па да дознаат како го имаш направено PayPal account-от и да ти го блокираат), прават скоро се за да не покренеш ebay dispute према нив (враќаат пари, пак го праќаат артиклот кој си го купил), така да, не се секирај, ако им пишеш на продавачите дека производот не ти стигнал, или ќе си ги добиеш парите назад, или пак ќе ти го пратат артиклот кој си го нарачал.

На производите им треба околу 1 месец за да стигнат до Македонија. Зборувам за нарачки од Кина, ако е од некоја друга држава со некаков express shipping (DHL, FedEx, UPS), стигнуваат и побрзо, но тој shipping е прилично скап (некогаш може да биде и неколкукратно поскап од цената на производот кој си го купил). Ако по еден месец не стигне артиклот кој си го нарачал (не 30 работни дена, како што често знаат да ти пишат продавачите, туку баш 30 дена, еден месец), пишу му на продавачот, најчесто ги враќаат парите назад, но може да ти понуди и да ти го прати пак артиклот... тука веќе ти си бираш што ќе правиш.

Dispute преку ebay можеш да покренеш до 45 дена по купувањето на производот (45 дена, не 45 работни дена, има разлика, продавачите често знаат да пишат да почекаш 45 работни дена, од понеделник до петок). Потоа, веќе не можеш да покренеш dispute. Продавачите го знаат ова и затоа често може да ти пишат „да почекате уште малку“ (да помине времето за покревање на dispute и да не мора да ги вратат парите назад... иако, да бидам искрен, ми се има случено да ми помине времето за покревање на dispute и ми ги имаат вратено парите назад, претпоставувам бидејќи на продавачот му било страв да не му дадам negative feedback, како што пишав, продавачите имаат неверојатен страв од negative feedback). Не паѓај на овој фол, ако гледаш дека си блиску до deadline-от за покренување на dispute, а тебе сеуште не ти стигнал артиклот, биди упорен и инсистирај да ти ги вратат парите назад (или да ти пратат нов артикл, тоа е твој избор). Можеш да го контатираш продавачоте преку пораки (нешто како mail е) на ebay. Обично враќаат уште истиот ден или ден, два подоцна. Во секој случај, ако си ажурен и ако редовно си го проверуваш ebay account-от (еднаш дневно е доволно), ќе си го добиеш она за кое си платил (или парите назад, едно од овие две).

На нарачки до 45 евра (вкупна цена, заедно со shipping) или до 1kg тежина, не се плаќа царина. За се над ова, се наплаќа царина.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
се Ок освем последното, пред некое време се изгласа закон каде се над 22E пратено по пошта ќе се царини оти тапа ни е царинава!
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
се Ок освем последното, пред некое време се изгласа закон каде се над 22E пратено по пошта ќе се царини оти тапа ни е царинава!

Промената на овој закон е издадена во некој службен весник? Може некаде да го прочитам ова?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
бидејќи пратката најчесто би доаѓала како поштенска пратка (мал пакет) еве Ви телефонски број од поштата за царинење на која можете да добиете информации 02 2401 876.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
на страната на царината сеуште стои 45евра
Code: [Select]
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=365
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
така е како што викаш ти но ако се јавиш на бр. што го напишав погоре ќе ти кажат дека има измени и дека сега е до 20 евра, ова е свежа информација бидејќи 2 недели ми стоеше пакет од кина и беше на граница да треба да се плати ама овојпат некако помина без плаќање.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #342 on 07.04.2013, Sunday, 16:41:23 (Edited 07.04.2013, Sunday, 16:50:28) »
имаше по тв дека ке ја намалат сумата на 22 евра ама од кога незнам, не сум се јавувал на царина да пита. Некаде на страната на царината пишуваше дека новите измени од законот за царина ке почнат да се применуваат од 13 јуни и некои од 1 јануари 2014, а дали истото е и за поштенските пратки незнам.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #343 on 07.04.2013, Sunday, 16:41:59 (Edited 07.04.2013, Sunday, 18:52:56) »
така е како што викаш ти но ако се јавиш на бр. што го напишав погоре ќе ти кажат дека има измени и дека сега е до 20 евра, ова е свежа информација бидејќи 2 недели ми стоеше пакет од кина и беше на граница да треба да се плати ама овојпат некако помина без плаќање.

Добро, па не бива да ја променат тоа вредноста од 45 евра online ::)? 5 минути работа е тоа ::). Ама треба на некој да му текне ::).

Мене пак термометарот ми помина без проблем. Чини околу 30 долари, што е над 20 евра, но немаше проблем, помина без никаков проблем. Не знам дали е превид во прашање или нешто друго.

Ништо, ќе се снаоѓаме како знаеме :S. Тоа е тоа :S.

Мене ме интересира каде е ова напишано во службен весник. Не може царината да си го менува ова како сака, ако претходно собранието нема одобрено промени во царинскиот закон (законот за царинење). Барав на pravo.org.mk, ама не најдов ништо. Има некои промени на крајот од 2012, ама не се однесуваат за членовите за ослободување од царински давачки. Или јас погрешен закон гледам ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #344 on 07.04.2013, Sunday, 17:29:31 (Edited 07.04.2013, Sunday, 18:53:09) »
така е како што викаш ти но ако се јавиш на бр. што го напишав погоре ќе ти кажат дека има измени и дека сега е до 20 евра, ова е свежа информација бидејќи 2 недели ми стоеше пакет од кина и беше на граница да треба да се плати ама овојпат некако помина без плаќање.

Добро, па не бива да ја променат тоа вредноста од 45 евра online ::)? 5 минути работа е тоа ::). Ама треба на некој да му текне ::).

Мене пак термометарот ми помина без проблем. Чини околу 30 долари, што е над 20 евра, но немаше проблем, помина без никаков проблем. Не знам дали е превид во прашање или нешто друго.

Ништо, ќе се снаоѓаме како знаеме :S. Тоа е тоа :S.

Мене ме интересира каде е ова напишано во службен весник. Не може царината да си го менува ова како сака, ако претходно собранието нема одобрено промени во царинскиот закон (законот за царинење). Барав на pravo.org.mk, ама не најдов ништо. Има некои промени на крајот од 2012, ама не се однесуваат за членовите за ослободување од царински давачки. Или јас погрешен закон гледам ???.

Тебе може тоа ти поминало иако толку чинело бидејки на кутијата во која било спакувано и до кога е пратено кај што пишува сигурно тој што го пратил има назначено дека е gift внатре и дека не чини поише од 6 долари. Кај мене на сите прати тоа го пишуваше.

Иначе државава како што ни е некој ден ке неможеме ни пенкалце да увеземе од странство  :)