Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 263042 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Маркетинг :)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Трговциве наоѓаат дупки и ги користат нивниот производ да излезе прв.. ама изгледа како сајтовиве за продажба да не се замараат многу (или им одговара и нив..)

Хм... дали им одговара, не знам... дека нервира, нервира... дека на крај пак ќе го најдам она што ми треба, ќе го најдам :).

Абе види... како што викаат Американцине, of you wanna make an omelette, you gotta break some eggs :). Сакаш ефтини ствари да си купиш што кај нас може да коштаат и 10 пати повеќе? Ќе се помачиш :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Реално не крши никое правило, ја се ориентира према повисоката цена.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Трговциве наоѓаат дупки и ги користат нивниот производ да излезе прв.. ама изгледа како сајтовиве за продажба да не се замараат многу (или им одговара и нив..)

Хм... дали им одговара, не знам... дека нервира, нервира... дека на крај пак ќе го најдам она што ми треба, ќе го најдам :).

Абе види... како што викаат Американцине, of you wanna make an omelette, you gotta break some eggs :). Сакаш ефтини ствари да си купиш што кај нас може да коштаат и 10 пати повеќе? Ќе се помачиш :D.

Хахах,, во право си .. ако сакаш поевтино ќе се помачиш малце не може се на тацна ...
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хахах,, во право си .. ако сакаш поевтино ќе се помачиш малце не може се на тацна ...

Старите имаат една многу убава поговорка за ова, викаат „господ дава, ама не принесува“ ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #1025 on 26.02.2021, Friday, 20:45:10 (Edited 26.02.2021, Friday, 22:14:41) »
Со овие термопроводливите лепаци што може да се лепи (го имам првиот Stars-922)?
Ваљда било каков хитсинк врз процесор/IC и.т.н....

Да, било кое ладилно тело со било која компонента или друго ладилно тело ;). На крајот станува како силикон, само потврдо ;). Не знам дали си ги забележал оние белине „силикони“ кои ги користат во полначи за лаптопи за да одвојуваат компоненти една од друга (за да не се допираат компонентите). Едвај се вадат, а и кога се вадата, како тврда гума се крши и никако не можеш да го одвоиш од компонентите ::), колку и да пробуваш, не бе секогаш некое делче останува на плочката или компонентите ::). Епа таков лепак е овој ;).

Имав потреба да извадам мал хитсинк за да го заменам со поголем за подобро ладење.

Сликата е од интернет за пример!

Станува збор главен процесор од сателитски ресивер кој беше залепен со термален силикон (ужасно грееше пошто китајците ставиле многу мал хитсинк), уште што не направив за да го демонтирам, го загревав - ништо - мрда лево десно но никако да се одлепи. Пробав да му нанесам медицински алкохол, но и тоа не даде резултат. Некаде прочитав да се замрзне во длабоко (е ова некако не ми правеше мерак).

И на крај дојдов до идеја со конец за чистење заби, бев скептик пошто просторот меѓу процесорот и хитсинкот скоро на нула, но конецот без проблем влезе и со движење лево-десно практично како со жилет го исече и се одвои хитсинкот. Многу лесен е овој процес, се сеќавам дека @GigaWatt спомнуваше дека ги подигал со некоја од неговите алатки но не сакав да ризикувам за да не го напукнам процесорот.

Она малку што остана од лепакот многу тешко излезе со крпче и алкохол, но на крај се исчисти (некаде прочитав со ацетон но и тоа не сакав да го пробам). :)

Еве како изгледа исчистен. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И на крај дојдов до идеја со конец за чистење заби, бев скептик пошто просторот меѓу процесорот и хитсинкот скоро на нула, но конецот без проблем влезе и со движење лево-десно практично како со жилет го исече и се одвои хитсинкот. Многу лесен е овој процес, се сеќавам дека @GigaWatt спомнуваше дека ги подигал со некоја од неговите алатки но не сакав да ризикувам за да не го напукнам процесорот.

Мммммм, браво за идејата, уште подобар од мојот метод :). Баш на работа има еден монитор, зеза, знае да углави (укочи) сред работа, се гледа, плочката под CPU сменила боја, така да, ќе да е од греење. И он има мало ладилниче, така да, баш ќе пробам ова со конецот за заби, би требало да биде уште побезболен метод од оној со моине алатчиња :P :D.

Кај ти текнало, алал ти вера :).

Она малку што остана од лепакот многу тешко излезе со крпче и алкохол, но на крај се исчисти (некаде прочитав со ацетон но и тоа не сакав да го пробам). :)

Мрсен (уљен) или нитор разредувач... но, има шанси да ги зезнеш лемните точки. Со мрсен имам вадено, нема проблем, со нитро чув од колега дека ваделе (не он, и он така чул :P :D), ама немам пробано. Потоа само зачисти се со контакт спреј, убаво истреси, да искапе тоа мрсното што останало од разредувачот и терај ;).

Најубаво се вади (барем од она што јас имам пробано) со сув контакт спреј (PRF 6-68), ама прилично скапи се боцичките (500 денари за 500ml), а може да потрошиш и пола боца на вакво чудо, зависи колку е добар лепакот :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Еве што вадев со конец за чистење заби. :)
Хитсинкот беше фабрички накриво поставен, вероватно не било добро засушен лепакот па се изместил.

btw... Обичен конец би се скинал многу бргу па затоа одлучив со конец за чистење заби, кога завршив работа пробав да го скинам, не успеав. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Знам, тие за заби се многу јаки ;). Попрво ќе си ја исечеш раката отколку што ќе го скинеш ;D.

Добра идеја, нема што :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Дали некој има нарачувано од aliexpress  мали кутии за смд компоненти?
Дали се добри, дали се вадат компонентите од нив лесно, дали може да се пишува со маркер на нив или мора лепенки?
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Пушти линк да видиме за што станува збор.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Еве линк од еден модел.
Code: [Select]
https://a.aliexpress.com/_mPT1Xjp
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Немам видено ваква во живо, ама ми делува ОК вака од сликите. Јас сепак кога би купувал за мене би земал од оние налик на папка што се, со страници со прегради внатре, пошто кога купувам SMD делови ми ги даваат во лента, не рефус како обичните.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Дали мислиш на тое?
 
Code: [Select]
https://a.aliexpress.com/_mPvb3CFКолку што гледам собираат многу малку, на еден ред не собира повеке од 20 -25 компоненти.
 Не се практични, треба да се листа да се најде делот да се извади лентата па да се извади делот и пак да се врати лентата.
 Што би препорачале за поголеми смд компоненти?
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Еве на пр. си купил 100ком. 0805 1к отпорници, ти ги дале во лента, како ќе ги сместиш во тоа кутивчето од 10х18mm? Ќе треба или да ја сецкаш или да ги извадиш сите отпорници од лентата, во овој случај попрактична ми е оваа папката. Од друга страна пак папката не собира покрупни делови како електролити, поголеми калеми, ИК и сл.
Значи, најдобро и двете да ги имаш... :)