Дај кажи нешто повеќе за тој пријателот што има ставено метан дома.. Со цистерна му го доставуваат??
Колку пари отприлика го фати да го направи??
За цена, само ми има кажано „кути, не прашувај, илјадници евра се во прашање“, а искрено мислам дека и он самиот не знае точно да ми каже бидејќи не е правено тоа наеднаш, деловите се набавувани еден по еден, па склопувано, не е се од едно место земано и мислам дека неколку години го правеше заедно со татко му (и двајцата се машински инженери). Не му го доставуваат со цистерна, полни боци од рафинерија, ама не со обични боци, како за плин, некои појаки се, подебели ѕидови имале, као демек, малку личат на боцине за заварување што се полнат со водород (или со што и да се полнат), само што се малку пошироки од нив. Во една боца собира околу 20 до 22, 23 литри метан и со боца и пол или две це грее еден цел месец зимно време, ама буквално цела куќа се грее, си има монтирано свој систем за парно, ова она, затоа пишав, системот е проектиран и правен неколку години, не е наеднаш правен за едно лето
. Боците ги полни на рафинерија, ги носи со кола и ги враќа со кола и не се баш лесни, ама вика дека многу се исплатело, бидејќи и колата му е на метан
. Обично носел по три боци, ама некогаш и четири носи. Инаку, и колата ја полни од тие боци, има посебно црево за полнење, не знам од што е направено (ни он не знаеше да ми каже
), само ми рече дека коштало ѓавол и пол и дека е нарачувано од Италија и специјално за оваа намена е правено
. Исто така, повеќето делови од системот за греење му се од Италија нарачувани, нешто од Германија и од други земји, ама повеќето од Италија
.
А за колата, знам ми рече дека му била дизел и дека ја преправил на метан, и јас така имам читано и така знам (нешто на net имам начекано, нешто сум се распрашувал, ама така ми кажувале, иако, искрено, никој прецизно не ми одговорил зошто е тоа така, така да, можно е да грешам за ова). Можеби и бензинец мотор и ставил, не знам, а од коли не се разбирам, не знам што модел е, само знам дека е крај на 90-ти модел и дека е Opel, друго не знам
.