види ако имаш повеќе пари на располагање има еден течен калај како паста е се продава во странство за жал тука нема
со него ќе си ставиш кај шо треба да стое елементот
не многу не малку туку таман на нозете и се става во релна
после извесно време се вади и имаш убав спој
Со цел респект, но да не ме сватиш погрешно и иронично ке морам да те корегирам бидејќи не се согласувам со твоето излагање:
1.Течен калај постои само кога тој истиот е загреан на одредена температура односно на 231,93 °C теоретски, но бидејки во случајов станува збор за калај со примеса на олово, кој се користи во електроника точката на топење ке му биде некаде помеѓу 231,93 °C и 327,46 °C во зависност од процентот на оловото.
На нормална температура тој е во цврста агрегатна состојба.
Тоа што ти го спомнуваш не постои.
2.Тоа на кое ти мислеше претпоставувам е FLUX кој што претставува хемикалија која има за задача да ги отстрани оксидите на металите заради подобро залемување. За да не одиме оффтопик, мислам дека објаснувањево е доволно.
3.Во релна се спрема храна.
Него има еден проблем, доколку сакаш да одлемиш некој интегралец како тој што нозете му се одоздола ке треба да го грееш одозгора и тоа на некој си 200 степени неколку секунди. Па сега би било проблем, доколку нешто се залеми погрешно па треба да се вади или вадиш еден дел за да ставиш друг рачунај дека шансата да прегори е голема.
Кога се работи со лемна станица на топол воздух треба да имаш пред се големо искуство...Не само што треба да се загрее делот него треба да се загрее и околината...Со температура од 200 степени не можеш да одлемиш интегрално коло. Температурата треба да биде значително поголема, односно за минимум 100 степени, па се нагоре во зависност од површината на елементот. Доколку не си вичен, во тој случај постои опасност од оштетување на водовите како прво, а како второ оштетување на самиот елемент. Тенките водови најчесто знаат да се подигнат, да се набабрат и се прекинат.
Јас лемна станица со топол воздух многу ретко користам, и најчесто сите интервенции ги правам со класичен леткум. Користам Ersa Multitip C15, на која имам можност за многу брза и едноставна промена на врвовите во зависност од тоа што го работам.
Еве еден пример како изгледа плоча со оригинален чип, изваден чип и залемен чип со обичен леткум кој погоре го спомнав (модификација на звучна картичка):