Како прво поздрав до сите членови на форумот и администрацијата на (колку што знам) првиот Македонски форум за електроника.
Моето прашање не од областа на електрониката туку од електроенергетика па ако темата не е поставена на соодветно место модераторите нека ја преместат.
Ме интересира зошто на трофазен штекер кога проверувам со фазомер покажува дека има фаза иако има изгорено осигурач и тоа е така се додека не се извадат сите три осигурачи.
Знам дека најдобро меѓуфазен напон да се проверува со унимер или пак како што ние работиме на работа со две сиалици врзани во серија.
Ова се случува и на монофазна струја некогаш.