Да, точна ти е, ја проверив, само да знаеш дека R2 и R4 немаат форма на обични отпорници, тие се потенциометри (не знам дали се тример или обични потенциометри, најверојатно е објаснето во шемата). Еве како изгледа потенциометар:
А еве како изгледа тример потенциометар:
А еве како изгледа повеќеобртен (muliturn) тример потенциометар:
Има во Sprint-Layout макроа за потенциометри и тример потенциометри, избери еден, нема да згрешиш и да е помал или поголем, на крајот на краиштата, со жички ќе ги врзеш
.
Исто така, C1 е електролитски кондензатор, а тебе макрото за C1 ти е избрано да биде како за блок кондензатор. Во макроата за кондензатори има едни означени како ELKO, епа тие се за електролитски кондензатори
.