@Dx-er
репетиторите се најчесто 5 или 10 вати. Тоа е колку што знам регулирано со закон. Замисли да е 100 вати ќе оди дури до Истанбул, а со тоа ќе му смета на R-7 во другите земји, бидејќи сите се на иста фреквенција, како што се на иста фреквенција нулите, (R6 е на иста фреквенција со R6 во сите европски држави, тоа важи и за останатите бројки на репетиторите кахј нас и во цела европа). Искрено не знам каде е точно лоцирана скопската нула
@GigaWatt
Некој од минатите раководства (не би сакал да спомувам имиња
) направе голем пакост и го доведе на работ на пропаст радиоаматерството кај нас.
Знам дека после ова што ќе го кажам ќе има реакции од одредени личности, ама гајле ми е........
R2...Се расипа и беше однесен во Скопје да се поправи (тогаш беше некоеси друго раководство на РСМ) и репетиторот исчезна........
R0 Охрид исто беше земена за наводна ревизија или не знам што......по некое време.......its gone
По некое време и R7 престана да работи (баш го памтам тој момент оти водев радио контакт со радиоаматер од скопје)
за натаму претпоставувам знаете што би можело да се случи или каде да завршат. Не би сакал да зборувам за тоа јас бидејќи сеуште има истрага за тој случај и е сериозна работата. Имав увид во некоји документи и сепак не би сакал некој да се почувствува „навреден„ и да ме тужи за наводна клевета.
Секако ќе го кажам ова бидејќи документ постои........
R7 се наоѓа на место кое е во сопственост на АРМ. Некој od минатите му пишал на АРМ : нешто како...не ни треба повеќе репетиторот и ве молиме извадете го и ви благодариме многу
Тоа и се случе.........
Е сега имаме ново раководство на РСМ со прекрасни луѓе и спремни стручњаци, тие прашаја и отидоја за R7 и им беше презентиран документот. Верувајте луѓе паднавме сите во несвест. Маки се мачеа додека да ги наговорат да го уклучат пак бидејќи тој мислам дека е и во сопственост на АРМ. Како и да е ете се согласија и го уклучија пак.
Сегашното раководство на РСМ откако беше избрано ги повика сите оние што беа во минати раководства во најкус можен риок да ги вратат репетиторите или ќе одговараат на суд, репетиторите се вратени ама не се наместени