Author Topic: Муабети околу македонските репетитори  (Read 4319 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дали мислите дека треба да се постават уште репетитори на 144МХз и на други планински врвови и да има репетитор во близина на секој град.

Дали сметате дека би било добро да се постават и репетитори на 433МХз па дури и на 1200МХз, 70МХз, 50МХз и 29МХз ? Ова прашање е преоптимистично :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Муабети околу македонските репетитори
« Reply #1 on 03.12.2011, Saturday, 17:37:45 (Edited 03.12.2011, Saturday, 17:39:18) »
Репетитори има неколку кој што работаат, работи R0 Скопје  R1 на Пирибег, R4 на Водно R7 Солунска глава и R0  Тетово. R2 Галичица и охридската R0 не работеше заради „мистериозни„ причини е на некој начин никој не знаеше каде се наоѓаат. Сегашното раководство на РСМ ги најде каде се и ги врате. Сега се наоѓаат во просториите на РСМ и чекаат прилика да бидат вратени на својте стари места. Претседателот на РСМ сериозно се ангажира да се пронајдат и се пронајдоја. Секој град доколку има репетитор тој треба да носи 0 ознака. Мислам дека сегашното раководство на РСМ откако ќе ги намести репетиторите на својте места,  дека ќе се ангажира и во другите градови односно места да се постават репетитори. Прилеп има репетитор R0 беше уклучен само за експертиментирање и сега не работи моментално,  дека треба нешто дозвола да се извади за тоа не знам.
Сепак во Битола ако има репетитор (не R0 оти нулата важи само ако е поставен во градот) треба да се постави на Пелистер, е тогаш тоа би бил најјакиот репетитор
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дали знаеш по колку W најчесто се репетиторите (и конкретно ако знаеш за солунска Р7) ?
Тој репетитор што е во Скопје Р0 каде се наоѓа поточно во која населба ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Чекај... не знаеле каде им се репетиторите ;D... како може да не знаат каде им се ;D ;D ;D, тоа не е игла па да се изгуби ;D. Нема некоја мапа на која ги има локациите? Нели би требало да има такво нешто ;D?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Чекај... не знаеле каде им се репетиторите ;D... како може да не знаат каде им се ;D ;D ;D, тоа не е игла па да се изгуби ;D. Нема некоја мапа на која ги има локациите? Нели би требало да има такво нешто ;D?
ако може колегата да стави некоја слика, како изгледа радиоаматерски репетитор и антена а по можност од изглед од пунктот каде е сместен репетиторот и антената. Иначе вака немам претстава како изгледа...
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 558
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Code: [Select]
http://www.predavatel.com.mk/мислам дека ќе ви помогне нешто

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@Dx-er
репетиторите се најчесто 5 или 10 вати. Тоа е колку што знам регулирано со закон. Замисли да е 100 вати ќе оди дури до Истанбул, а со тоа ќе му смета на R-7 во другите земји, бидејќи сите се на иста фреквенција, како што се на иста фреквенција нулите, (R6 е на иста фреквенција со R6 во сите европски држави, тоа важи и за останатите бројки на репетиторите кахј нас и во цела европа). Искрено не знам каде е точно лоцирана скопската нула  ???

@GigaWatt
Некој од минатите раководства (не би сакал да спомувам имиња  >:(  ) направе голем пакост и го доведе на работ на пропаст радиоаматерството кај нас.
Знам дека после ова што ќе го кажам ќе има реакции од одредени личности, ама гајле ми е........
R2...Се расипа и беше однесен во Скопје да се поправи (тогаш беше некоеси друго раководство на РСМ) и репетиторот исчезна........
R0 Охрид исто беше земена за наводна ревизија или не знам што......по некое време.......its gone
По некое време и R7 престана да работи (баш го памтам тој момент оти водев радио контакт со радиоаматер од скопје)

за натаму претпоставувам знаете што би можело да се случи или каде да завршат. Не би сакал да зборувам за тоа јас бидејќи сеуште има истрага за тој случај и е сериозна работата. Имав увид во некоји документи и сепак не би сакал некој да се почувствува „навреден„ и да ме тужи за наводна клевета.
Секако ќе го кажам ова бидејќи документ постои........

R7 се наоѓа на место кое е во сопственост на АРМ. Некој od минатите му пишал на АРМ : нешто како...не ни треба повеќе репетиторот и ве молиме извадете го и ви благодариме многу
Тоа и се случе.........

Е сега имаме ново раководство на РСМ со прекрасни луѓе и спремни стручњаци, тие прашаја и отидоја за R7 и им беше презентиран документот. Верувајте луѓе паднавме сите во несвест. Маки се мачеа додека да ги наговорат да го уклучат пак бидејќи тој мислам дека е и во сопственост на АРМ. Како и да е ете се согласија и го уклучија пак.


Сегашното раководство на РСМ откако беше избрано ги повика сите оние што беа во минати раководства во најкус можен риок да ги вратат репетиторите или ќе одговараат на суд, репетиторите се вратени ама не се наместени
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
сите Р7 на иста фрекфенција... аууу, значи нема шанса да се направи врска од друга држава (пример албанија или грција) со нашиот Р7, не заради дометот колку заради интерференциите што би се јавиле од нивни (грчки или албански) репетитори :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Муабети околу македонските репетитори
« Reply #8 on 03.12.2011, Saturday, 21:30:54 (Edited 03.12.2011, Saturday, 21:32:31) »
па тоа е заради......... ете на пример....

имаш радиостаница со меморирани репетитори односно канали и работиш на нив во македонија. ако одиш во германија истата фреквенција на R7 што е во македонија го има германскиот R7 :)
Со нашиот R7 некогаш се меша грчката седумка.

Мали се шансите да направиш врска оти не се толку јаки репетиторите, така е намерно направено за да нема мешанје на сигналот на репетитори со иста бројка во соседни држави
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Добро, нели може да се направи радио аматерски репетитор со електронски компоненти? Барем за 144MHz не би требало да е проблем, ако постојат исправни шеми на интернет. Ние електроничарите може да се организираме и да помогнеме за тоа. Редно е да се направи нешто (наше) и да се постави по планините за тоа што радиоаматерите заслужуваат нивната држава да е покриена со сигнал од репетитори.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Z31GH
Убаво би било многу работи да се вратат на свое место, како нација не знам колку одиме напред во светските текови и трендови , не само во областа на техниката, во овој пост радиоаматерството, иако се променија токовите на комуницирање, сепак треба да функционира, како техничка култура, и можност да се искористи во секакви спесифични услови.
колку повеќе сме запознати со една проблематика можност за да се реши е поголема.
И еден битен елемент во сето ова, потребни се подмладоци за ова да функционира како што треба.
благодарам.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Муабети околу македонските репетитори
« Reply #11 on 03.12.2011, Saturday, 21:43:58 (Edited 03.12.2011, Saturday, 21:54:29) »
Dx-er

Ти благодарам многу за подадената пријателска рака до нас радиоаматерите. Види вака....
да се направи репетитор е сложена работа и не е баш така лесно и не знам колку е исплатливо. Репетитор може да се наорави од две радиостаници кој што се поврзани меѓу себе. Од едната радиостаница се вади приемникот, а од друга предавателот. Фреквенцијата на предавање и примање RX i TX се на 600кхз разлика.  Јас веќе се ангажирав да најдам радиостаници и ако имам среќа за брзо ќе ги добијам. Исправувач ќе направиме, тоа е најлесно



Репетитор направен од две радиостаници, и напонски исправувач, најпрактично, најбезбедно, најевтино

Споено мислење: [time]03 Декември 2011, 21:47:17[/time]
@didi

Точно така, тоа беше навистина неубаво и жалосно, сега гледаме да се вратат репетиторите на своето место и да направиме нешто повеќе за оваа дејност. Недај боже во елементарна непогода или војна да затребаат, а ГИ НЕМА
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Dx-er

Ти благодарам многу за подадената пријателска рака до нас радиоаматерите. Види вака....
да се направи репетитор е сложена работа и не е баш така лесно и не знам колку е исплатливо. Репетитор може да се наорави од две радиостаници кој што се поврзани меѓу себе. Од едната радиостаница се вади приемникот, а од друга предавателот. Фреквенцијата на предавање и примање RX i TX се на 600кхз разлика.  Јас веќе се ангажирав да најдам радиостаници и ако имам среќа за брзо ќе ги добијам. Исправувач ќе направиме, тоа е најлесно
Нема проблем, треба да се грижиме за радиоаматерството, не само заради тоа што ни е хоби туку и од патриотски причини, пример тоа што спомна за недај боже може да затребаат.

Иначе да, полесно и поисплатливо е со 2 радио станици одколку со електроника (правење на приемник и ПЛЛ, предпојачала за прием, предавател и ПЛЛ за него, претпојачала, појачало) е сложено. Нели може да се купат некои рачни радио станици на старо и да се направат да бидат репетитори, дури и немора да имаат добри надворешни антени доколку би биле Р0 по градовите. За по планините ке треба и добри антени. Иначе Р0 обично по згради се поставуваат или како ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
може и со рачни колку што знам, сепак е изводливо, само треба да има квалитет. Нулите се обично на згради да, ама не мора да значи. Може и оригинален репетитор да се постави, значи без комбинација на две радиостаници, една од можностите е некоја донација од странство. Во странство ако ги менуваат репетиторите за посовремени може да се побара донација тие постари репетитори да бидат донирани во македонија
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
една од можностите е некоја донација од странство. Во странство ако ги менуваат репетиторите за посовремени може да се побара донација тие постари репетитори да бидат донирани во македонија
Е тоа може! Вероватно во некои држави се дигитализираат радиоаматерските фрекфенции па старите аналогни може да ги донираат. Имам видено некои клипчиња за D-Star станици, можно е да се радиоаматерски.

П.С. Не е можно два репетитори Р0 во еден град :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.