Почитувани,
Под поимот "алтернатор" (во денешно време) се подразбира генератор на наизменичен напон кој се добива од (индуцира на) статорот, а кој се исправува со диоди (најчесто 6 снажни диоди), и има возбудна намотка на роторот. Струјата во возбудната намотка е контролирана од електроника вградена во самиот алтернатор, која струја со возбудната намотка го диктира магнетното поле кое го генерира роторот од алтернаторот. Индиректно, преку магнетното поле од роторот, односно струјата на возбудната намотка (која се пренесува на роторот со прстени), се управува излезниот напон.....
Под поимот "динамо" (во блиското минато време) се подразбира генератор кој наизненичен напон се генерира на роторот (не на статорот како кај алтернаторот), но неговото исправување настанува во колекторот и четкиците, и на излез имаме еднонасочен напон. Повторно има возбудна намотка но е на статорот. Повторно струјата низ возбудната намотка се управува со електромеханички реглер, кој индиректно го управува излезниот напон. Во динамото нема никаква електроника. Се функционира механички и електро-механички, дури и автоматиката "реглер".
Конкретно за FIAT 1300, знам, таму имаше реглер, значи имаше управување на динамо.....
Поздрав,
mkfe.