Giga а што е со енергијата која секојдневно се емитува преку разно разните предаватели, таа излегува надвор од нашата планета или се впива во неа, што потоа? Нели тоа е сосем изгубена енергија ?
Дел оди во вселената и со време се „апсорбира“ од страна на веселената (не дека стварно се апсорбира, туку електромагентниот бран слабее со растојанието и по некое време, тој електромагнетен бран е целосно маскиран од шумот, инаку нитуеден електромагнетен бран вситински никогаш не го снемува, само повеќе не може да се детектира со опремета која ја имаме на располагање
), дел оди во земјата (и таа ја апсорбира), дел оди во приемниците (всушност целта, ама колку што знам, најчесто многу мал дел од предадената енергија е примена од приемниците, најголем дел од неа е „зијан“
), па и во многу други места сигурно оди за кои не знам
.
Уште нешто, што се дешава со енергијата емитувана во микробрановата печка во моментот кога нема храна внатре? Таа енергија сигурно не се одбива од металниот фарадеев кафез и чека да отвориш врата за да излезе туку веднаш се губи, ама поради што?
Се губи бидејќи нема што да ја одржува. Околу неа нема некаков друг тип на осцилатор кој осцилира исто така на висока фреквенција (поточно на фреквенцијата на која осцилира микробрановата печка, е сега не знам дали е само една фреквенција или група на фреквенции, не се рабирам од микробранови пеки
), а бидејќи околу местото каде што се создава има фарадеев кафез, енергијата веднаш се носи кон маса, односно земја
. И земјата ја апсорбира и ја претвора во друг вид на енергија
, но оваа енергија е премногу мала за да предизвика некои забележителни промени при трансформацијата на енергијата (ако од удар на гром не се гледаат последиците од таа трансформација, од ова сигурно нема да се видат
, не мислам на изгорената трева околу ударот на громот, тоа е само последица на транзицискиот процес, исто како што складираната енергија од горивото се претвора во механичка преку експлозии
). Фарадеевиот кафез е врзан за маса и носи се кон маса. А и да не е врзан, таа микробранова енергија ќе биде аспорбирана од околната материја, пред се фарадеевиот кафез, и најверојатно ќе се претвори во напон
.