Значи вака.....
Од стари расипани уреди што собрав од ваму таму од пријатели, отпади а и мои....Трансформатор, моќни диоди и отпорници, прекидачи, транзистори, регулатор на напон, ЕМИ-филтер и ред други работи дојов до идеа да направам исправувач на напон за радиостаница. Мене како радиоаматер тоа и те како ми е потребно.
Мојте колеги радиоаматери ми велат дека не ми е потребен баш толкав исправувач од 30А ама кога веќе го имам трансформаторот и диодите оти да не? нели?
Имам шема ама ако имате некоја подобра слободно предложете некоја подобра. Единствено нешто што ми фали се електролити, нив ќе ги најдам исто така.
Значи 90% од материјалите ми се од отпад и се надевам дека од ова ќе направам нуклеарна машина. Исто така работам на кутијата што е од 3 мм дебел алуминиум. Еве некоја слика.....
Амперметарот и волтметарот од сликата нема да се користат бидејќи нарачав инструменти од LordZi кои со нетрпение ги очекувам, тие подобро ќе се вклопат во овој монструм од уред. Исто така и оние поголеми диоди најдесно нема да ги користам оти потаму ќе правам 60А исправувач, трансформаторот го имам, ама ми беше многу тежок да го качам горе и да го сликам, на него ќе ги ставам и мерните инструменти од сликата
Трансформаторот за овој исправувач е негде околу 10 килограми тежок, навивките му се бакарни ленти, друг радиоаматер го пресмета и го тестира, без проблем може да вади 30А
Пардон, исправка на првата слика, има два пара исправувачки диоди, значи се исправува со две диоди по принципот FULL WAVE RECTIFIER а не BRIDGE RECTIFIER, Трансформаторот е CENTER TAP така што напонот може да се исправи со две диоди, а другите две помали диоди се 10 Амперски, па со нив планирам да направам нешто друго како на пример регулирано напојување секако на друг излез и со други буксни, додека главниот излез ќе биде фиксен 13,8 волти, на ладилникот има и тиристор а и термопрекидач (изваден е ама ќе се врати)
Ладилникот за транзистори го купив од отопад за едни смешни 100 денари, треба само на фреза да отворам место за уште еден или два транзистори, тоа е лесно струка ми е
имам нови транзистори 2N3055 што најчесто се користат за оваа намена.
Останатите делови за кутијата ги имам исто исечено спомнав дека тоа е 3мм дебел алуминиумски лим. Останаа уште електролитите, зависно која шема ќе ја одмерам такви ќе барам. Ако имате некоја сугестија или предлог слободно коментирајте. Овој проект ќе го почнам следната недела