Author Topic: Напонски исправувач 13,8 V 30A  (Read 7011 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Напонски исправувач 13,8 V 30A
« Reply #30 on 21.03.2012, Wednesday, 18:34:40 (Edited 21.03.2012, Wednesday, 18:40:03) »
Темата е исчистена од постови кои не се однесуваат на неа и истите се префрлени овде:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8364.0
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Напонски исправувач 13,8 V 30A
« Reply #31 on 20.01.2013, Sunday, 17:56:28 (Edited 04.04.2017, Tuesday, 12:39:00) »
Ок....продолжувам јас а и Вие драги колеги со овој проект.
Како прво сакам да кажам дека 100% мораме да направиме промени во се тука.
Прво....многу голема кутија е вака, гломазна е тешка и нема место каде да ја ставам.
Второ, шемата не ми се бендисува.
Алуминската кутија отпаѓа оти сакам сето тоа да го скоцкам во што помал простор и во ново изработена кутија.
Кутијата е скоро готова, слики ке објавам вечер, едно нешто што сакам од Вас е да ми да mi помогнете околу шемата, јас мислам дека оваа шема е проста и наједноставна а со тоа и ефикасна


Јас мислам дека оваа шема е во ред, и мислам дека може да се искористи за овој проект, на Вас оставам да кажите мислење

Авторот има направено и модификација на шемата, а таа е оваа...


што мислите која е подобра?

Споено мислење: [time]20 Јануари 2013, 20:30:34[/time]
Што се однесува до кутијата, еве како дотерав некако да биде во минимален простор...




ова е основата каде ќе биде трансформаторот и исправувачките диоди, има опција за местење на кулер на левата страна на предната плоча така што диодите ќе имаат идеално ладење.



на овој ладилник има исправувачки диоди, тиристор и термопрекидач





на овој ладилник пробно се сега ставени два транзистори 2N3771, иначе ќе има 4, ги зедов последните два од алфа електроник, па рекоа да поминам по неколку дена.



задната страна на исправувачот





предната страна, отприлика како ќе изгледа


Споено мислење: [time]20 Јануари 2013, 22:15:18[/time]
ме интересира ако се стави кулер...дали тој кулер ќе прави брум, односно шумови ако се приклучи радиостаница
Hams do it! With Frequency

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ако ти е се убаво направено убаво испеглан напон и слично не би требало да има шум, јас би одел или на додатен трансформатор за кулерот или пак ако има можност додатни намотки на трафото за него, ако се нема ни тоа ни тоа, тогаш не филтриран наизменичен напон директно од излез на трафото со засебен исправувачки степен и филтерски дел само за кулерот.

Тоа така би направил јас, друго тој тиристорот служи како еден вид на напонско ограничување, ич не ми се допаѓа, ако поради Х причини напонот се зголеми на излез над напонот на зенерката таа ќе проведе и ќе го активира него, во тоа време тој прави краток спој, треба да издржи 30A струја низ него. Јас верувам дека за многу кратко време цела кутија ќе биде пекол жешка, а тој најверојатно на брзо ќе биде уништен :D

Не секогаш се просто е и најдобро, јас би идел на контрола на излезните транзистори, ако нешто се случи со напонот тие да ја ограничат струјата, односно да го паднат напонот, а не на еден тиристор.
Незнам, јас би идел со интегралец за таа намена со тие излезни транзистори, па тој нека ги контролира, барем сигурен ќе сум дека во секое време имам тотална контрола, плус ќе имаш и некоја регулација од 1--3V до 13V
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Исправувачкиот дел со ладилник на сликата одеше заедно со трафото од еден стар уред не знам ни зошто служеше. Таму има два пара на диоди за исправување бидејќи трафото има повеќе излези а друг излез беше поврзан на помалите диоди, па мислам дека може кулер да се врзи на нив.

Devil, кажи ми, тоа со тиристорот што кажуваше, дали важи за шемата или на исправувачкиот дел со диодите на ладилникот?
Hams do it! With Frequency

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
мој предлог, ако сакаш баш хеви дути да го напрајш, да приклајш некој кондензатор на тој големиот- повеќе помали кондензатори работат подобро....

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Исправувачкиот дел со ладилник на сликата одеше заедно со трафото од еден стар уред не знам ни зошто служеше. Таму има два пара на диоди за исправување бидејќи трафото има повеќе излези а друг излез беше поврзан на помалите диоди, па мислам дека може кулер да се врзи на нив.

Devil, кажи ми, тоа со тиристорот што кажуваше, дали важи за шемата или на исправувачкиот дел со диодите на ладилникот?

Тоа е за шемата, не би играло голема улога кај се наоѓа се додека е ггалвански оддвоен од другите, односно нема да ти прави спој и слични работи.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Па ок, некоји работи треба да отпаднат а некоји да се додадат. Ме чуди тоа ако шемата не е баш ок зошто е објавена? На ладилникот има и термопрекидач кој што може да послужи ако дојде до загревање да се исклучи колото.
Ми дојде уште една идеја веќе ако веќе дојде до оптоварување до границата...Дали може да се изведе да има звучен или светлосен сигнал?
Hams do it! With Frequency

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
шемата си е добра само пренапонската заштита мене лично не ми се допаѓа како е изведена, може да се стави термопрекинувач добра ти е идеата, може да се стави и звучен и светлосен сигнал, само ќе биде малку потешко за изведување, пошто сепак ти ќе одиш на повисока температура, сигурно нема да го направиш на 30 степени да активира аларм, него ко ќе до кај 80-100 степени (зависно од тоа колку би издржале елементите без нивно тотално оштетување)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Напонски исправувач 13,8 V 30A
« Reply #38 on 21.01.2013, Monday, 19:44:28 (Edited 21.01.2013, Monday, 19:49:55) »
Термопрекидачот, односно цел ладилник со диодите и тиристорот се составен дел од трансформаторот, беа упарени во некој уред што отиде расход. Види, има две шеми кој се скоро идентични, некако двете шеми ми се исти?

Тоа за звучен или светлосен сигнал не знам, нели треба и за тоа некоја шема?
Hams do it! With Frequency

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
мислам над 70 не е препорачливо... не дека нема да издржат.. па има шеми за вентилатор према темпреатурата кој ќе врти.... а има и термо осигурачи, само не знам до која температура се, најдобро би било тие да се со н ешто повисока вредност, да не мењаш на секо... 120 степени таман ќе е , пошто на 140-150 ке се оштетат трајно полупроводниците...

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Место тој термопрекидачот можеш да ставиш термостат со LM741
да активира или вентилатор за разладување или некое реле па со релето да го гаси колото. Тука можеш и ЛЕД да додадеш како предупредување дека се постигнала зададената висока температура. Инаку склопов е деклариран да работи од  -20°C до +125°C и може да биде термостат за разладување или греење.
На нет има доста шеми со LM741. Еве на пример вака нешто
Code: [Select]
http://www.craig.copperleife.com/tech/thermo/Ако ништо друго можеби ќе ти даде некоја идеја  ;)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
фала многу, за идејата, доаѓа во предвид и тоа.

Трансформаторот и диодите се залемени со гасно лемило бидејќи жицата е многу дебела.



Додека да се среди електронскиот дел може да се почне предната плоча, вградување инструменти, буксни прекудачи...





Инструментите се од LordZi, многу квалитетни од старата школа, ама малку ми дадоа мака бидејќи не можев на најдам шајбни за да ги прицврстам на плочата, мора со шајбни само навртка не е довиолно, па решив шајбни да направам











ете си го најдоја местото



предната плоча е сега 90% готова и монтирани се инструментите и вентилаторот.



Останува само прекидачот и осигурачите. Единствено нешто што не ми се бендисува се буксните!!!
Овие некако ќе поминат ама ако најдам ќе ставам квалитетни бакелитни буксни, не како овие пластични, ама засега нека седат.

Ту би континуед.....
Hams do it! With Frequency

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одлично :), посебно изработката на шајбните ;D, со среќа во понатамошната изработка ;).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одлично :), посебно изработката на шајбните ;D, со среќа во понатамошната изработка ;).

+1 ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."