Author Topic: Напонски исправувач 13,8 V 30A  (Read 7014 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Напонски исправувач 13,8 V 30A
« Reply #15 on 26.11.2011, Saturday, 13:21:47 (Edited 26.11.2011, Saturday, 13:23:46) »
Точно така, тоа можеме да отвориме друга тема за тој експеримент. Се одличив за линеарно напојување бидејќи деловите до сега (све што е на сликата) не ме коштаа ништо, единствено нешто што ќе го платам се електролити и мерни инструменти, така што со минимални инвестиции ќе направам квалитетно (или како што велат на запад HEAVY DUTY POWER SUPPLY) напојување, што може да издржи големи оптеретувања. Секако секој може да предложи нешто, нели затоа сме тука на форумот. Вие сте професионални електроничари, јас сум аматер во ова, и напојувањата се единствено нешто што можам засега како радиоаматер сам да го изработам со мојте засега мали и скромни познавања во електрониката  ;) затоа ви сум многу благодарен за предлозите за шеми и останати сугестии. Секако дека ако успее овој проект за тоа заслуга ќе имате и сите вие
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Почни да го правиш напојувањето, па ако заглавиш некаде, тука сме да помогнеме ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
проектот почнува од утре, денес ги добив инструментите од LordZi, а тие беа најважни. Сега треба да направам кројка за кутијата. Имам доволно алуминиумски дебел лим. Исто така треба и да скројам алуминиумски лајсни. Електролити ќе најдам исто за брзо време. Ќе праќам слики како се одвива работата.
Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Проектот е започнат и има малку повеќе работа отколку што очекував. Ова сето има голем габарит и тежина. Лимот дебел 3 мм го исеков некако ама за да се покријат рабовите секако ќе треба и украсни лајсни. Сепак тоа на крајот, засега надворешниот изглед не е битен, тоа ќе го средам на крај. еве до каде сум.

Кој рече дека машините не се потребни во електрониката?  :D

Добро изгледаат инструментите кој што би набавив од LordZi, лево и десно гледате рачки. Тие не се за носење туку се ставени како заштита за да не се оштетат инструментите, прекидачот и останатото што би можело да се вгради на предниот панел. Тоа се рачки од стари автобуси што ги фрлија во отпад.

Монтирана е предната плоча. Сепак не е тоа се што ќе биде на неа. Сеуште ми изгледа некако празна, уште не се монтирани буксните, а ќе има и неколку пара на буксни и регулатор на напон.

Големиот ладилник за транзистори, монтиран на задната плоча. Треба само да отворам дупка за напонски кабел.

Изглед на задната плоча, со отвор за ладилникот.

Имам скоро се што ми треба, само ми требаат електролити, не знам дали да ставам повеќе кондензатори од по 10.000 мф или да ставам еден поголем.
Hams do it! With Frequency

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ако можеш (читај „ако имаш пари“) стави повеќе помали кондензатори наместо еден голем :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Сега за сега, супер изгледа, само напред ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Добри изгледа, баш ме интересира како ќе излезе на крај... ;) :)
За електролитите ти кажав и претходно, подобро (а најверојатно и поевтино) ќе ти биде да ставиш повеќе помали отколку еден огромен. По некое правило обично се става по 1000uF за секој ампер излезна струја.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Можам да речам дела LordZi многу ми се најде за овој мега проект, значи проектот продолжува бидејќи ги имам скоро сите работи, вклучувајќи го и ова Теле од електролит од 75.000 mf/40V,

Најрадо би ставил уште еден таков доколку се најде, може и нема потреба, ама сепак. Ќе ви бидам благодарен ако имате уште некој добар предлог околу тоа дали да поставам уште еден голем електролит.

Кутијата како што гледаде и таа е при крај, сеуште не е дотерана со финеси, не е фарбана, ама сепак се гледа отприлика како ќе изгледа сето тоа.

Внатре засега е вака, зад електролитиот е огромниот ладилник за транзистори. Ладилникот ќе треба на фрез машина да го обработам малку, за да има место за све.
На капакот има една ментешка за да може да се отвори, како хауба е  :)

не знам зошто ја направив хаубата, ама интересно е и така, нели?

Вака е затворена кутијата. Капакот е црн, ама ќе го истружам и ќе го исфарбам целото со компресор и ќе има убав финиш. Ве молам доколку имате некој добар предлог, слободно предложете.

Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одлично го имаш направено!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
сеуште не е готов, нема буксни :) а и електрониката не е поврзана, сепак ова е 50% од работата
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најрадо би ставил уште еден таков доколку се најде, може и нема потреба, ама сепак. Ќе ви бидам благодарен ако имате уште некој добар предлог околу тоа дали да поставам уште еден голем електролит.

Хмммммм, зависи колку ампери треба даде стабилизаторот ;). Има едно непишано правило „1000uF за секој ампер струја што треба да го даде напојувањето“, иако во аудио уреди ова правило некогаш се преувеличува и се прави и по 2000 или 3000uF по еден ампер струја. Како и да е, мислам дека доволен е овој ;). Добро е што има многу поголем работен напон од напонот кој треба да го стабилизира ;), тоа значи дека помалку ќе грее и дека нема брзо да се исуши ;). Само стави го подалеку од ладилните тела ;). Ако има кулер монтирано на целото напојување, најверојатно овој чекор нема да биде потребен ;).

не знам зошто ја направив хаубата, ама интересно е и така, нели?

Ако ако, супер си е и со хауба ;). Вака нема да може да се изгуби лесно капакот (колку пати ми се случило да си го барам капакот од уредот ;D).

Некој друг конкретен предлог немам, немам иградено премногу напојувања, само две, и тоа едното е модифициран адаптер ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
А што на пример ако се стави уште еден таков електролит? Дали тоа би било сосема непотребно или ќе има корист, на пример вкупен капацитет на електролити 150.000 mf?
Можеби тропам глупости сепак не сум професионалец
Hams do it! With Frequency

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Мислам дека нема потреба, веќе имаш скоро 2500uF за секој ампер струја, не ти треба повеќе... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
би можел да стави помали трансформатори со мала капацитивност, пошто овај вака еден многу поспоро ќе се полни и празни, кога еднаш ќе се изпразни (доколку се случи тоа) тогаш споро ќе оди полнењето, а тоа во некои уреди би можело да му прави проблем
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
би можел да стави помали трансформатори со мала капацитивност, пошто овај вака еден многу поспоро ќе се полни и празни, кога еднаш ќе се изпразни (доколку се случи тоа) тогаш споро ќе оди полнењето, а тоа во некои уреди би можело да му прави проблем

ѓаволе тоа трансформатори смени го со кондензатори :) и па колку споро ке се празни кондензаторот...мал ЕСР треба да има тој кондензатор и на почеток кога ке се пушти повлекува поголема струја за да се наполни и после тоа празнење амин... :)