Затоа VHF/UHF е тапа најбоље е HF
Кој ти рече дека VHF и UHF се тапа? Напротив тоа е многу убав банд. Со ова некој може да те сфати дека и радиоаматерите кои работаат VHF ili UHF се тапи. На тој тапа VHF банд јас направив радиоконтакти речиси со цела Европа, а учествував на Тесла меморијалот оваа година.
Секој си има свој вкус, имаш радиоаматери кои сакаат да работат само VHF, а некои само HF, секој банд си има позитивни и негативни страни. Eве една споредба, за HF ти треба голема антена, па макар и дипол да е, а за да работиш без ограничувања ти треба антенски столб 10-15 метра, ротатор и барем 3 елементи јаги антена. Трошоци околу 1500 евра без станица и антенски кабел. За разлика од тоа VHF ili UHF е поевтина варијанта, антената не бара голема висина, вертикалните антени се евтини, а доколку имаш насочена антена можеш да ја вртиш со најевтин ротатор.
И јас и ти сме премногу неискусни за да наречеме некој банд дека е тапа, велам дека сум неискусен бидејќи со моето 20 годишно искуство сеуште не сметам дека сум го достгнал врвот.
Да бидеме јасни, во Македонија радиоаматерите преку HF да водат меѓусебни разговори речиси е невозможно, можно е но тоа оди многу тешно, исто како да се бориш со мечка. HF e за подалечни врски, додека VHF е идеална за локална комуникација, како и комуникација меѓу останати градови во државата, секако тука и модовите играат улога.
@Dx-er
И двата имате право, имаш радиоаматерска HF станица која е 2000-3000 евра, а имаш и постари станици кои се околу 200-300 евра.
FT-101 се наоѓа за 100-200 евра. Јас купив прекрасен Icom IC751 за 300 евра (штедење 2 години) и не е многу работен, состојба речиси како нова. Зависи од тоа колку радиоаматер е финансиски спремен за ова скапо хоби. Јас искрено не би купувал ептен скапа станица ма колку и да сум во можност, бидејќи сум радиоаматер кој радиоаматеризмот го користи од разонода, седнувајќи на радиостаница 2-3 часа неделно.
Милеров ефект спомна да се изработи QRP станица. За тоа треба ептен големо искуство и не знам дали би биле во можност такво нешто да направиме, а и да успееме тоа би не коштало исто како половна фабричка QRP станица. Но ако некој сака од мерак за своја душа да се обиде, немам ништо против