Author Topic: Радиоаматери општо  (Read 91982 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #210 on 08.12.2015, Tuesday, 18:11:06 »
Порано имаше на 3750 Кхз скед на ранобудните ( ранораниоци  8)) од 04:30 до 8:00 часот SSB.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #211 on 10.12.2015, Thursday, 10:44:21 »
Дали постои R8 ?
Теоретски не може да постои бидејки би користел фрекфенции наменети за симплекс комуникација и работа преку сателит. Прашувам бидејки имам слушнато неколку пати за таква ознака.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #212 on 10.12.2015, Thursday, 16:47:42 »
Тогаш најверојатно постои таква опција, но кај нас нема
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #213 on 10.12.2015, Thursday, 21:27:46 »
тоа би било 145,800 и 145,200.... ајде ке слушам на 145,800 да видам дали ке има нешто за 1 саат :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #214 on 03.02.2016, Wednesday, 15:20:37 »
Некој од по искусните и подобро упатените радиоаматери сакам да го прашам, дали е дозволено или дали е во ред да разговараме преку радио аматерски репетитор со човек кој емитува без дозвола ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #215 on 03.02.2016, Wednesday, 15:37:08 »
Мислам дека по некоја си етика односно култура, радиоаматер не би разговарал со пират. Пиратот прави прекршок со тоа што емитува на радиоаматерско подрачје за кое треба лиценца. Доколку правиш муабет со таков натрапник, значи му даваш поддршка, а тоа уште повеќе ќе го мотивира повеќе да се задржува на бандот и нема да размислува да полага за радиоаматер, бидејќи „ионака можам да муабетам со радиоаматери, што ќе ми е лиценца„
Hams do it! With Frequency

Rodan

  • Guest
Одг: Едукација
« Reply #216 on 17.02.2016, Wednesday, 20:38:53 »
Вака сега- добра е едукацијава,ама не вака и на ваков начин.Ако прашате зошто - ете затоа после секоја *свирка * што ке купи некаква си радио станица од 20 ЕУ ке може да * штрака* и да се з......ва со вас. Врските преку репетитор не се врски за *банд* оператори, а ни за почетници. Прво, ваквиот тип на врски се наменети за употреба во *нормални*, ама и во вонредни ситуации, а не за муабети и праќање поздрави и честитки и делење *рапорти*. Ова треба да биде заштитена врска ( знаете веќе како !) и да се употребува повремено, односно според пропишана динамика.И уште нешто што не е кажано овде во едукацијава - почетникот треба прво да научи да слуша ,а тек после  да се уклучи во некаков си разговор.Муабети од тип на *скед* собирања најчесто го блокираат репетиторот во смисла што додека вие *разговарате * ,некој можеби се нервира и после настануваат проблеми. За рапортите - рапортите кои се даваат кога употребувате микрофон со било каква модулација ,можат да бидат само субјективни,бидејќи ретко  има опрема или се базира на некаква си мерна опрема.И да има ,рапортот е скоро секогаш субјективен!! Но ,и тоа не е лошо ако сте добронамерни! ;D
Со можноста за лесна набавка на рачни радио-станици мора да се канализира и употребата ба репетиторите и да се воведат мерки не секој да може да ги употребува. Затоа одамна е усвоена една платформа како да се пристапува кон ваков тип на врски и да се едуцираат ( на право место и начин) потенцијалните корисници.Толку засега од мене.



Знаеш како batka,Опушти се малку,во крајна линија Радиоаматерството е и хоби и треба да се земе како
такво..........и најважно е да се ужива секако...........

Нашите репетитори се тотално неискористени,имаме само 5-10 активни радиоаматери на 2м и 70цм во цела МК,на врв на сето ова ,ни упаѓаат Грците,Србите и да биде иронијата поголема ТИЕ ЗБОРУВААТ НА НАШИТЕ РЕП МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД НАС.............
Сите ги знаеме пречките,Тука е  модерната комуникација-мобилни телефони,интернет,и мал милион начини да се поврзеш со некого.
Сето ова нанесува силен удар врз овој начин на комуникација.....во суштина мораме да поработиме на анимирање на младите,приближување кон нивниот начин на живот!......од тие причини е одлично ова што го сработил Ванне
Мислам дека не смееме повеќе да размислуваме херметички и тврдо да настапуваме во стилот - ех во наше време ги носевме станиците на технички преглед и не можеше секој да има станица..........епа сега секој може да има,ама пак никој нема директно на терен по репетитори!?!?!.......
Незнам,некои викаат дека РА изумира,.......и сигурно ваквиот наш пристап нема да го заживее.

Се надевам дека позитивно критички ке го разбереш моево мислење.......јас само сакам повторно да се чека ред за јавување по нашиве реп,како што тоа е секојдневие во соседството......па макар и некој малку да прекрши некое правило(да биде досаден,да збори за времето надвор,што јадел и колку му е убава комшиката на пр)........... не сме на испитно столче по ѓаволите!!! ;D ;D

Срдечен поздрав од еден нов а не толку млад РА ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Едукација
« Reply #217 on 17.02.2016, Wednesday, 22:35:54 »
Родане избегнувај цели постови да цитираш (ова како на помлад колега на Форумов  8)). Друго,јас сум премногу опуштен во последно време   и тоа најмногу  поради тоа што веќе во ова наша убава МК ни радио-аматерството не е тоа што можеше и требаше да биде.Извинете,јас ниту се лутам,ниту ке се налутам на сите вас што по нешто пишувате,ама да ми извините ( Хантокс ме предвари! ;D) сепак  ,сите сегашни радио-аматери што ги знам  ,а со некој се дружам ,верувајте дека имаат големи пропусти во обуката,пред се.Не дека е тоа намерно,туку дека ние постариве колеги не сме успеале до крај да ве научиме на некои работи ,па ако сакате и на хам-спирит-от.Тоа е наш пропуст ,ненамерен и јас постојано кога седам со некој од постариве штипјани, кумановчани  .... постојано повторувам дека * не им оставивме ништо на децава*, за да не се чувствувате *како во музеј * кога влегувате во некој постоечки радио-клуб.Во некој градови,еве Кавадарци ке го споменам ,благодарејќи на Младен, се уште некако функционира она *стара школа*, а не ме чуди што во помалите градови се уште има дух,има ентузијазам и млади кои сакаат да работат,да учат.Тоа не е веќе предност во големите градови,каде младите се далеку од клубовите.Така е во Скопје,Велес,Прилеп...Еве, Атанас се бори да влезе во некоја секција по електроника во Прилеп!!! Порано таму ,кај мојот колега Трајче борби се водеа ! Сега не можат секција да направат!! Исто е во Велес,Битола,верувам и во Куманово ,каде имаше КЛУБ... Жалосно е тоа ,ама е реалност.Значи,сепак го поддржувам и Ване иако јас не сакав да ги споменам пропустите кои Хантокс ги запази ( и тоа одлично! 8)).Но,дајте, пишувајте,ама мислите што понатаму - можеби нешто ке се придвижи !!             

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Едукација
« Reply #218 on 18.02.2016, Thursday, 15:32:27 (Edited 18.02.2016, Thursday, 15:54:32) »
Ако ме прашате мене, не би требало никој да се осмели да дава критики на радиоаматерите а посебно на почетниците. Зошто ? Еве неколку факти.

1. За да се стекнеш со диплома дека си радиоаматер и повикувачки знак има испитни прашања кои треба да ги решиш и толку. Нема дополнителна литература каде се објаснуваат тие кодекси, правила, финеси и сл.
2. Во Скопје НЕМА НИТУ ЕДЕН РАДИОАМАТЕРСКИ КЛУБ! Ви се верува ? Нема ама баш ниту еден. Немојте ни да барате оти нема да најдете, сум барал и знам. Главен град без радио клуб! Кога ке дојде делегација од странство мора ја да носат во Штип. Со оглед дека нема радио клуб во Скопје, каде скопјаните да се стекнат со обука и пракса за користење на репетитор и општо на радиоаматерски радио врски ?
3. Останува да учиме од останатите радиоаматери по репетиторите што зборуваат а најчесто никој не зборува а можеби има 50 слушатели кои само слушаат а никогаш не се јавуваат.
Знам дека денешната технологија го истиснува радиоаматеризмот бидејки сега има facebook, viber, skype.. и една од причитие што се помалце не има е тоа, но сепак во другите држави има далеку поголема активност.
4. Како е можно овде во Скопје да важат едни правила за работа на репетитор а во останатите делови на Македонија како и во Бугарија, Србија, Грција и др. држави други правила.
5. Како за пример на R2 Србија ке чуете се и сешто, едносавно збори еден, само што завршува почнува друг, го нема оној т.н. празен ход на репетиторот (нема време репетиторот да врати рапорт) Тамо и пцујат, колнат а за нова година ја претерале па пуштале и музика :) Сето тоа не е во ред и не го оправдувам но тамо има слобода. Слободата кај нас ни е дадена од надлежните кои имаат легимитет, ама некој упорно им контрира и како овие градат тој им руши.

Така да треба да се ценат оние малце радиоаматери на 2m што ги има во Македонија а тие се околу 10 или 15 активни на репетиторите во цела држава. Во спротивно ке се разбегаат и испооткажат и тие и ке замре радиоаматеризмот на 2m. Така да не се аздисува многу и да се бара игла во сено. Зошто да се критикуваат добронамерните ентузијасти и почетници не ги бркате тие што нонстоп штракаат на R0 Скопје, пиштаат музика на RU5, газат со сигнал на R6 или ги манипулираат и демотивираат и овие неколку души што се активни на 2m.
 
Овие наши репетитори МОЛАТ за некој да ги користи, молат за скедови оти така стојат како да се поставени во хирошима или чернобил. Посебно очајна е состојбата е во Скопје каде нема никаква активност ни на R0 ниту на RU5.

Едно големо извинување за овој оф топик ама ке отворам нова тема и ке го префрлам тамо постот за неколку часа.

Овој пост не се однесува на ниту еден радиоаматер кој пишувал на оваа тема и ОПШТО на овој форум така да немојте да се препознавате и да се лутите.

xantox и Batka дадоа добронамерен совет и допуна на она што е пропуштено. Нив ги ценам како луѓе и како радиоаматери, секако и нивното големо искуство. Потенцирам постот не се однесува за нив! Претпоставувам дека секој радиоаматер знае за кого е :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Rodan

  • Guest
Одг: Едукација
« Reply #219 on 18.02.2016, Thursday, 16:08:53 »
Ова со Чернобил ме погоди посебно ;D ;D ;D................

Браво Никола,доста е анализирање и негативитет!!!......можеби е време да се засукаат ракавите,да се размрдаат работите..........да се вратат славните денови на РА.

Да се привлечат на секој можен начин млади луѓе,а ние постарите да сме потолерантни........инаку врвка ни е работата :(

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Едукација
« Reply #220 on 18.02.2016, Thursday, 19:46:35 »
Стварноста е таква Dx-ер! Навистина е така. Проблемот е во тоа што ниту надлежните немаат поим како да се почне.Едвај 15 тина заинтересирани за овој проблем и не е некоја бројка за која некој во СК би се *потресувал*.Воглавном се бараат масовни  манифестации со многу учесници, па таму да инвестираат. За оние во Сојузот не е интересно што *некои дечки*  сакале репетиторите да работат. Не е подобро ни во Србија, Хрватска е во поповолна ситуација поради морето,туристите, јахтите..МаркоМК   добро е што даваш реп за Ване, ама ако сакаш да допринесеш седни и преведи го хамспиритот на македонски.Не чекајте некој друг тоа да го направи.Мислам дека и СРМ има своја страна,и таму има нешто,дури и  на форумов порано пишував и давав пример како треба да тече една радио-аматерска врска,дури и кратенките ги ставивме.Соберете го тоа на едно место,не чекајте само од * некој*.Ние постариве само можеме да ве надополнуваме ,ама не можеме да *трчаме* со вас младиве. 8)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #221 on 26.02.2016, Friday, 01:03:37 »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #222 on 21.03.2016, Monday, 22:14:45 »
Дали има надеж дека ке се поправат R3 и R4? Многу време помина одкако првично беше најавено дека ке стартуваат со работа.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline dzolemk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #223 on 24.03.2016, Thursday, 09:48:34 »
Ке може ли некој од форумов д ме упати кај да најам материјали за радиоаматњри,од кај да почнам на што да обрнам внимание за почеток за да се стане радио аматер.ви благодарам

TeslaBt

  • Guest
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #224 on 24.03.2016, Thursday, 10:57:59 »
Пиши ми ПМ ќе ти ги пратам сите материјали за полагање.