Бидејки јас не се разбирам многу во оваа свера, поупатените во електроенергетиката пишете, како се пренесува струјата до островите, дали се некои големи кабли под морето или како?
Да, подводни се најверојатно
.
Ако се кабли, дали е опасно доколку се скине таков кабел па струјата има директен контакт со водата?
Водата проведува на кратки растојанија и може да те убие струја која е во контакт со „жив“ проводник, но само ако е тој проводник на кратко растојание од местото каде што ја допира водата до човекот кој би го удрила струја. На големи растојанија водата покажува многу голем отпор бидејќи струјата не електронска, туку е јонска (проведуваат јоните во водата), така да, по некое определено растојание (не премногу долго), напонот во водата е веќе многу опаднат, па не може да те удри струја. Плус, да не го спомнувам фактот дека земјата има помал потенцијал од „живите“ проводници, а водата е во константен контакт со земјата, така да, голем дел од струјата прво ќе отиде (или ќе оди ако е во постојан контакт проводникот со водата) во земја
. Е сега, мислам солта во водата (општо, па и таа од океаните и морињата) ја зголемува нејзината проводност и ја спушта точката на вриење, но повторно мислам дека ова не е доволно за да може водата да стане толку добар проводник како металите. А и да може да стане, повторно, како и за секој тип на струја, струјата го бара најбрзиот пат до местата со помал понецијал, а тоа секогаш ќе биде земјата
. Така да, освен ако не скинат кабелот многу блиску до брегот и ако некој нема во непосредна близина на местото каде што е скинат, не верувам дека кабелот ќе биде причина за струен удра врз луѓето од околината
.