Author Topic: POV играчка, со Atiny2313  (Read 4675 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: POV играчка, со Atiny2313
« Reply #15 on 24.11.2011, Thursday, 20:44:33 »
Во тој случај оваа POV играчка е подобра од таа другата без тој сензор.. тамо ке мора да пазиш со која брзина возиш.

Мислам дека е обавезен сензор за оваа работа.
Инаку многу тешко ќе се направи синхронизација..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: POV играчка, со Atiny2313
« Reply #16 on 24.11.2011, Thursday, 20:56:46 »
Мислам дека е обавезен сензор за оваа работа.
Инаку многу тешко ќе се направи синхронизација..

Да да, дефинитивно, мора да биде со сензор, инаку синхронизацијата ќе важи само за една константа брзина, за сите останати брзини, веднаш ќе се изгуби синхронизацијата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mladen

  • Нов член
  • *
  • Posts: 7
Одг: POV играчка, со Atiny2313
« Reply #17 on 25.11.2011, Friday, 17:16:41 »
Нема на Android zigbee така да ништо од тоа.

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: POV играчка, со Atiny2313
« Reply #18 on 20.03.2012, Tuesday, 09:14:21 »
Нема на Android zigbee така да ништо од тоа.

Младен, има некои мобилни телефони од поновите генерации кој имаат интегрирани решенија за бежични комуникации, т.е. еден модул кој подржува повеке стандарди. Еден таков е на пример WL1271 од Texas instruments. Во него има интегрирано 802.11, 802.15.4, bluetooth, а и уште некои стандарди. Тој модул е од поодамна и може да се најде во некои телефони. Повеќето од неговата класа го подржуваат 802.15.4 стандардот така да со нив може да се имплементира и ZigBee. За модулот ќе имаш секако само бинарен firmware, но повеќето firmware-и се основни билдови од mainline па ги подржуваат сите стандарди, само ќе треба добро да се исконфигурираат од драјверот. Драјверот што врти под Linux е open source па сега може кој сака по него да пишува, и најголемиот дел од драјверите немаат подршка за друг стандард освен 802.11, па ако решиш да го правиш ќе треба добро да го препишеш драјверот. Документација за модулот нема, ама доброто е што firmware-от е по стандард што ја олеснува имплементацијата. Друга добра работа е што драјверот за WLAN модулот не е статички линкан со кернелот па можеш да го избилдаш посебно и да го додадеш во file system-от на андроидот, од билдот добиваш еден *.ко фијл кој само го копираш. Се разбира за тоа треба да имаш root пермисии. Потоа можеш да си напишеш апликација за андроид кој ќе го користи твојот свеж драјвер и ќе работи на ZegBee  ;). Лесно беше ова да се напише, сега на тебе е ред да го имплементираш.

Поздрав од Жаре од Texas Instruments, Sunnyvale, Silicon Valley, CA, USA