Нема на Android zigbee така да ништо од тоа.
Младен, има некои мобилни телефони од поновите генерации кој имаат интегрирани решенија за бежични комуникации, т.е. еден модул кој подржува повеке стандарди. Еден таков е на пример WL1271 од Texas instruments. Во него има интегрирано 802.11, 802.15.4, bluetooth, а и уште некои стандарди. Тој модул е од поодамна и може да се најде во некои телефони. Повеќето од неговата класа го подржуваат 802.15.4 стандардот така да со нив може да се имплементира и ZigBee. За модулот ќе имаш секако само бинарен firmware, но повеќето firmware-и се основни билдови од mainline па ги подржуваат сите стандарди, само ќе треба добро да се исконфигурираат од драјверот. Драјверот што врти под Linux е open source па сега може кој сака по него да пишува, и најголемиот дел од драјверите немаат подршка за друг стандард освен 802.11, па ако решиш да го правиш ќе треба добро да го препишеш драјверот. Документација за модулот нема, ама доброто е што firmware-от е по стандард што ја олеснува имплементацијата. Друга добра работа е што драјверот за WLAN модулот не е статички линкан со кернелот па можеш да го избилдаш посебно и да го додадеш во file system-от на андроидот, од билдот добиваш еден *.ко фијл кој само го копираш. Се разбира за тоа треба да имаш root пермисии. Потоа можеш да си напишеш апликација за андроид кој ќе го користи твојот свеж драјвер и ќе работи на ZegBee
. Лесно беше ова да се напише, сега на тебе е ред да го имплементираш.
Поздрав од Жаре од Texas Instruments, Sunnyvale, Silicon Valley, CA, USA