Бидејки има гледам заинтересирано колеги за метал детектори,еве една конструкција која поодамна сум ја направил и добро работеше.Имено три транзистори BF 245b , мал стабилизатор 78Lо5 и LM 386.кристален филтер 455 Кхз со 3 изводи ( од оние наранџастите !
) и неколку други делчиња и имате детектор кој лови до 20 см во песок монети на плажа!(пробано).Напојување 9V,батерија .Калемот се прави на пластичен * фризби* со дијаметар 30 см. и на него се мотаат 10 намотки,со извод на деветата намотка,а лак жицата е 0,2 мм пресек..Калемот се спојува со двожилен микрофонски кабел (два вруќи водови и оклоп),а променливиот кондензатор е лискунски (од стари транзистори) и се користи поголемата плоча.Кристалниот филтер е исто така од стар радио приемник 455 Кхз.Со тримерот се нагодува целиот склоп да нема никаков тон (пред избивање!),а ако се доближи метален предмет,се раздесува осцилаторното коло и се слуша звук во звучникот или евентуално слушалките! Калемите се тороиди со промер од 2 цм со потребен број намотки со жица 0,3-0,4 мм и не се критични,тие се само раздвојни и треба да се идентични!!Диодата е пожелно да е германиум точкеста од АА... серијата,ама ако немате ставете и 1N4148, BA...За жал нема изглед на плочка за шемава,некој ако има време нека направи.