Овој детектор го направив експериментално и без плочка и еве впечатоци од мене:
Феритот го намотав со тенка жица со лак која беше околу 1,9m и го вклучив. Се вклучи едната LED која покажува дека детекторот се калибрира. Се исклучи таа LED а потоа почна да трепка другата исто како да им метал во близина, но метал немаше. Потоа ја скратив жицата од феритот за некој 30-40cm и проработе. Нормално на уклучување едната LED свети за да се калибрира склопот а потоа се гаси и не свети ништо. Кога ке доближам некој метал се пали другата LED но трепка (не свети континуирано) додека го движите металот околу феритот. Ако престанете да го движите металот околу феритот ке престане да трепка LED (нема да свети). Исто така реагира и на допир со прст!
Со PIC12F675 не работи и само ке светне едната LED дека се калибрира а потоа ке престане. Кога ке доближите метал нема да светне другата LED. Значи има нешто во тој микроконтролер што го нема во PIC12F675