И како да го измерам тој дел од трафото кога е намотан дали треба да го одмотувам??
Не, тоа што е обележано како „висина“ на сликата на Malecko се мери од надвор (се гледа, без разлика дали е мерено на тоа место или на надворешните лимови, иста е таа димензија), а за димензијата „ширина“, на местото каде што почнува касетатат за лимовите на горниот или долниот дел, скоро секогаш има малку простор останато и скоро секогаш можеш да видиш која е димензијата на таа секција.
Ок колку ке ме кошта таков трансформатор??
Околу 1500 до 2000 денари на ново. Имаш и на старо, разгледај ја секцијата за „Продавам/Купувам“, баш периодов еден од нашите членови на форумот врши распродажба на голем број на трансформатори, а има и други членови кои продаваат.
Напомена: Трансформатор од 150VA (W, иако најисправно е VA а не W) ќе ти биде доволен за еден канал од засилувачот, за стерео верзија ќе ти треба дупло од тоа, односно околу 300VA трафо ќе ти треба за 2X100W RMS засилувач
.