Мислам дека прашањето ми беше јасно
Требаше во друга тема можи да прашам ама ова SMPS најмногу ми одговара за правење затоа
Да, би требало да може, под услов да го знаеш напонот на напојување на 100W-ната комбинација на LED диодите. Најверојатно се врзани во групи сериски и паралелно, така да, ако се фабрички произведени вака, би требало да има datasheet во кој е дефиниран овој напон. Најчесто има и една U-I крива која нагло почнува да расте ако се премине определена вредност на напонот, така да, гледај да не ја преминеш, бидејќи потоа нагло почнува да расте струјата низ LED диодите и промена од дури и 100mV може да доведе до зголемување од 1A (зависи од бројот на LED диоди, колку е моќна една LED диода од матрицата, итн.). Најсигурно е ако во серија со целата конструккција поставиш и еден отпорник со мала вредност (ќе си пресметаш врз база на напонот на напојување на матрицата, максималниот напон по кој нагло почнува да расте струјата низ матрицата од LED диоди, итн.). Не е препорачливо вакви конструкции да се напојуваат со фиксна вредност на напонот од SMPS-от. Но, ако напојувањето има feedback за јачината на струјата која тече низ LED диодите (коку што знам, оваа конструкција нема опција за feedback од потрошувачот), слободно може напојувањето директно да се врзе за матрицата од LED диоди. Самото напојување ќе си ја контролира јачината на струјата низ LED диодите (ако е направено специјално за нив и нивната напојувачка крива, U-I крива).
Претпоставувам сакаш LED рефлектор да правиш
. Едно мало предупредување, не гледај директно во рефлекторот, може перманентно да ја оштетиш ретината на окото. Еднаш несакајќи кратко погледнав директно во 10W-на LED диода, гледав бела точка цел ден
, дури нареднот ден ми се вратија очите во нормала. Колку што знам, фабричките LED рефлектори имаат заматувачи и некои други дифузери поставено во самата конструкција на рефлекторот, така да, кај нив опасноста од вакво нешто е сведена на минимум.