За ехе-то да работи се потребни Microsoft.NET Framework 3.5 и 4.0 порбано е на Windows XP 32 bit и Windows 7 - 64 bit
Ги имам сите потребни пакети инсталирано, од Microsoft.NET Framework 1.0 до 4.0. Еве и доказ за тоа (Microsoft.NET Framework 1.0 не е на листата бидејќи доаѓа заедно со Server 2003 EE SP2).
Има некаков Erorr кога го вклучуваш што се случува и дали го имаш пробано претходното ехе на истиот оперативен систем?
Не, никаков Error не се појавува, едноставно не се подига. Дупли клик на него, се појавува соларниот часовник до куросорот, но ништо повеќе од тоа. По неколку секунди, соларниот часовник го снемува и тоа е тоа. Ни во процесите не се јавува, дури ни на кратко.
Инаку, јадрото на Server 2003 и XP е скоро исто, така да, не гледам причина да се подига како што треба на XP, а на Server 2003 да не се подига. Единствена причина поради која не сакала некоја програма да се подигне на Server 2003, а се подигала на XP (барем единствена на која јас сум налетал) е ограничување на производителите и компајлерите кои ги користат при компајлирање на програмите (некои компајлери имаат вакви ограничувња, треба рачно да се тргнат, на пример, Win Ver. 5.1 е WinXP и често, при самото подигање на софтверот, некои програми си проверуваат на каков оперативен систем се подигаат, па ако забележат дека се подигаат на Win Ver. 5.2, како што е Server 2003 или некоја друга верзија на Windows која е серверска едиција, не сакаат да се подигнат како што треба или најчеста ситуација е, воопшто не се ни подигаат, како во овој случај).
Провери дали има некои подесувања компајлерот во однос на оперативните системи на кои може да се подига софтверот, нешто како Workstation, Server... претпоставувам дека ако ги има, вака некако би биле поделени
.