Забележувам некои од Вас се мачат со кодот, јас денес го пробав на EasyPIC6 и си работи најнормално!
Инаку имам една забелешка и молба до авторот доколку е во можност да објасни. Колку што можев да забележам откако го пробав на развојната плоча, микроконтролерот го мери напонот на влезниот напон, а не напонот што би се појавил на потрошувачот (ист е само во случај кога не тече струја низ шантот R5), а секогаш кога тече струја низ шантот излезниот напон е помал од влезниот за падот на напонот на него. Дали сум во право или не?
Ако е така имам предлог, доколку е во можност авторот на кодот, да изврши корекција на мерениот напон за напонот што се јавува на шантот R5, односно од прикажаниот напон да се одзема напонот на шантот. Исто така мислам дека вредноста на шантот е преголема за толкави струи, па доколку не би влијаело да прецизноста на мерењето или доколку нема некоја друга импликација во кодот би било подобро да се користи помала вредност (на пр. 0,1 или 0,22 оми). Нели кога станува збор за амперметар не би требало да троши многу енергија при мерењето на струите, што исто така повлекува и голем пад на напон на него.
И само уште една мала забелешка, можеби би било подобро мерениот напон да се означи со U не со V и единицата за моќност да се напише со голема буква, W.
Благодарам,
Поздрав од Дејан