Тој HDD или бил некој уште од пред времето на IBM стандардот за PC, или некој нестандарден HDD, за некоја специјална намена... друга причина освен овие две, не знам. Имам дома HDD-иња од 300MB, едни од најстарите, од PI или од 386/486, па се до денешни HDD-иња од по неколку TB, на никој од нив немам начекано мотор со 2 изводи. Исклучок беа неколку SCSI HDD-иња што ги имам видено, на нив намотките за моторот им беа врзани во триаголник место во ѕвезда, па 3 изводи имаа наместо 4.