Неколку забелешки за багови или можеби грешки во подесувањата на php кодот на форумот:
- Кодот на форумот последувателните пораки во една тема а од еден ист корисник, ги наддава во една тема. Проблемот е што при тоа не ја префрла темата на врв од листата на последно напишани пораки на тој подфорум. Датумот и времето на последната порака во таа тема останува ист како на пораката на која е/се надодадени новите пораки од истиот корисник. Значи ако некој напише нешто во тема која е можеби на 3та-4та страна од форумот, и ако на таа тема тој ист корисник последен пишувал... темата ќе си остане на 3та-4та страна и никој нема да види дека е напишано ново мислење во темата.
- Подесувањето во профилот за криење/непокажување на емаил адресата не работи. Без разлика дали е вклучен флагот за вклучување /исклучување на оваа опција, кодот на форумот ми ја покажува емаил адресата и на профилот и под името/аватарот.
- Кодот на форумот испраќа емаил известување за секоја поединечна нова порака во темата што се следи, наместо да испраќа едно известување за првата нова порака (и не за сите последувателни). Вклучен ми е флагот за: „Примај известување за порака (одговор) само за првата непрочитана порака (одговор).„