Струјата во автомобилот може да се појача само ако ставиш еден(или два!) поголеми(појаки) акумулатори.Ни ти не си пишал за какво возило се работи,ниту колку е силен акумулаторот,ниту колку е стар.Прво,ако е малку постар,халогенката ке го *кутне* веднаш напонот ,бидејки како потрошувач ке влече многу струја! Во каква состојба е инсталацијата? Обично се ставаат посебни водови (со силиконска изолација) за вакви намени директно од акумулатор,преку посебен осигурувач и прекинувач ( реле) .Впрочем кој употребува уште халогенки,кога имаш лед светло кое троши помалку струја а е ефектно и дава доста светлина.Прва помош : пробај со нов акумулатор! Ако и така не бидува ,барај друга алтернатива.