Видете, далеку од нетолерантни сме барем кога станува збор за пишување на латиница, опоменуваме еднаш, два пати, три пати, се случувало и по 4 или 5 пати да се опомене некој член пред да се даде опоменувачки бан. Истото се однесува и на навредите и пцовките. Многу членови биле толерирабни со надеж дека „ќе се подобри“ истиот член. Далеку од нетолерантни сме. Единствени работи кои не ги толерираме се игнорирање на администрацијата (и за ова сме доста толерантни, во принцип, две до три PM праќаме, и ако по втората и третата PM не добиеме одговор од членот, дури тогаш превземаме мерки) и игнорирање на опомени. Немаме ништо приотив комуникацијата со членовите од форумот, но често се случува членовите да се „опуштат“ и да заборават кој го одржува редот и мирот на форумот, а и самиот форум (се ова што го гледате не е бесплатно).
Што се однесува до предлогот, прифатен е, што не значи дека секој предлог кој ќе ни биде предложен дека ќе биде прифатен. некои од нив од технички причини нема да бидат прифатени, други поради непрактичност, трети поради нелогичност, итн. Значи, не е дека не сакаме секогаш да приатиме предлози (на пример, предлози за подфоруми, начини за подобро и побрзо одржување на форумот, како и негово рекламирање на други сајтови се секогаш добредојдени), но често се случува тоа барање да е технички (барем моментално) неизводливо (како што гелдате, php скриптата за форумот е бесплатна, така да, нема премногу опции, со платена скрипта ќе има, но како и секогаш проблемот се најчесто парите :S).
Верувајте дека се работи на подобрување и проширување на форумот, но тоа не може да се случи „преку ноќ“, тоа е долг процес, пред се поради тоа што треба да бидеме „дежурни џандари“, да post-ираме одговори на членови кои поставиле прашања или барања, да средуваме наслови на теми, да преместуваме теми, да им предочуваме на новите членови на правилата итн. Се ова одзема време, плус, не сме сите ние слободни во исто време, најчесто мораме да си го координираме слободното време. Тоа е тоа, но полека полека, веруваме дека со време ќе има резултати трудот
.